Привремената забрана стапува на сила денеска и ќе трае две недели, објави мароканската новинска агенција МАП, цитирајќи го здравствениот комитет.
Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на омикронот, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти на Кралството Мароко.
Додаваат дека редовно ќе ја проценуваат состојбата доколку има потреба да се менуваат мерките.
Варијантата, наречена омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои страв дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки за кои мислеа дека се минато.