Маркуш: Промената на името на земјата не беше наградено со најлогичниот резултат - Канал 5

Маркуш: Промената на името на земјата не беше наградено со најлогичниот резултат

 Местото на Македонија е несомнено во ЕУ.

Маркуш: Промената на името на земјата не беше наградено со најлогичниот резултат

Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш, денeска, говорејќи на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија (НКЕУ-МК), рече дека местото на Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство.

-Правењето на Европа на едно подобро место, особено во вашето справување со добрососедските односи, беше придонес без преседан особено со промената на името на вашата земја тоа не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на вистинските преговори за членство. Додека ние, заедно со нашите партнери со ЕУ работиме на справување на пречките веднаш, постои уникатна можност да се приклучиме кон дискусијата за нашата заедничка иднина, а дискусијата а нашата заедничка иднина лежи во проектот Конференција за иднината на Европа, рече Маркуш.

Словачкиот амбасадор посочи дека Македонија служи за еден од најдобрите примери и мораме да ја осмислиме нашата заедничка европска иднина на многу подобар начин отколку што тоа се правеше досега.

Тој истакна дека Конференцијата за иднината на Европа отвора нов простор и можност за отворена, искрена и критички настроена дискусија за тоа како ја гледаме нашата иднина и кое е нашето место, каков живот сакаме да создадеме за нас и за идните генерации.

-Искуството на Македонија ни дава за право да презентираме еден силен случај – Македонија како земја кандидат треба да биде важен дел од овој проект, не можам да замислам дека ќе остане по страните на една дебата којашто трае затоа ве повикувам да помогнете да ја рашириме оваа порака од страна на сите засегнати страни во вашата земја за да им помогнете да се приклучат кон оваа сеопфатна дебата, рече Маркуш.

Тој додаде дека Националната конвенција, која почна во 2017 година, стана моќна алатка размислувањата поврзани со законодавството на ЕУ, за соработка меѓу Владата и невладиниот сектор во земјава, како и моќен пример за соработка при што акцентот е ставен на поглавјето 23 и 24 од законодавството на ЕУ.

Директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томаш Стражај рече дека проектот Национална конвенција во Македонија дефинитивно припаѓа кон најуспешните вакви проекти, во кој петте работни групи ги одразуваат приоритетите на процесот на интеграција и можат да бидат извор на валидни препораки, како кај владиниот, така и кај невладиниот сектор.

-Македонски и словачки експерти разменуваат искуства на секој од работните состаноци и сметаме дека словачката експертиза е од некаков интерес за вас. Иако сме веќе 16 години членка и нашето искуство во тој поглед може да се смета дури и за застарено, ние се уште го паметиме процесот, беше различен во тоа време, но основните столбови се уште постојат, така што од таа гледна точка словачките искства може да бидат додадена вредност во Македонија, рече Стражај.

Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење и Нацонален координатор на НКЕУ-МК, рече дека Конвенцијата се изгради во платформа на структуриран дијалог, развивајќи методологија за постигнување консензус во однос на различните прашања што се дел од преговарачката рамка за членство во ЕУ.

– Конвенцијата го докажа својот континуитет со одржани 34 сесии на петте работни групи каде што учествуваа приближно 2000 учесници и каде што се усвоени над 250 препораки што се доставени до институциите и до пошироката јавност, кои откриваат клучни области каде што треба да се дејствува со цел забрзана имплементација на европските стандарди, рече Ѓуровска.

Таа додаде дека Конвенцијата и натаму ќе настојува да го одржи и прошири дијалогот во примена на европските стандарди, придонесувајќи кон реформскиот процес, но и кон напредување кон преговарачкиот процес, кој, рече, очекува да се одржи што е можно побрзо.

-Тоа денес го попречува билатералното недоразбирање со една соседна држава членка на Унијата, но билатералните спорови полесно се решаваат кога постои подготвеност за дијалог, а особено кога тој дијалог се одвива во рамки на процес кој влева малце повеќе оптимизам и е со поголема доверба кон граѓаните заради повеќекратното одложување на преговорите за членство во ЕУ, рече таа.

Посочи дека исклучително е важно во овој момент да работиме да се врати вербата кај нашите граѓани дека европската интеграција е остварлив процес и дека не е само мит за кој зборуваме 15 години.

Ѓуровска додаде дека со оваа пленарна конференција на тема „Дали се потребни реформи во изборниот систем", одбележува завршувањето на првата фаза од вториот циклус поддржан од СловакАид.

На конференцијата на темата за изборните системи говореа Рената Дескоска, професор на Правниот факултет при УКИМ-Скопје, Кеара Касталдо, советник за избори, ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права, Раул Муресан проектен координатор – Поддршка на изборите во Западен Балкан при Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, Гордана Силјановска, пратеничка во Собранието на Македонија и професор на Правиот факултет – УКИМ-Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешена мистерија стара 30 години: Еве што пишува на познатата плоча во „Super Mario 64“ (ВИДЕО)

Децениските гласини се побиени, а заматениот текст од култниот класик на „Nintendo“ е дешифриран со помош на специјална програма.

Разрешена мистерија стара 30 години: Еве што пишува на познатата плоча во „Super Mario 64“ (ВИДЕО)

Еден јутјубер тврди дека конечно ја решил една од најголемите мистерии во „Super Mario 64“ – речиси 30 години по неговото објавување – со што, веројатно, става крај на децениските шпекулации поврзани со Луиџи.

Објавена во 1996 година, „Super Mario 64“ остана ризница на тајни и теории од обожавателите, при што играчите продолжуваат да откриваат нови детали дури и децении подоцна.

Една од најпознатите мистерии се однесува на мала плоча под статуа на ѕвезда во дворот на замокот на принцезата Пич. Заматениот текст долго време се толкуваше како „L is real 2401“, што поттикна теории дека Луиџи може тајно да се игра во овој класик за „Nintendo 64“, или дека текстот е остаток од времето кога ликот бил планиран за вклучување во играта, но подоцна бил отфрлен.

Сепак, јутјуберот „mochi64“ верува дека конечно го „дешифрирал кодот“, откривајќи дека вистинската порака нема никаква врска со братот на Марио.

YouTube video

Во видео на „YouTube“, „mochi64“ објаснува дека текстурата на плочата има димензии од само 32×32 пиксели, поради што буквите се речиси невозможно да се дешифрираат со голо око. Наместо да се обидува да ја подобри заматената слика, авторот создал програма дизајнирана да го рекреира методот што уметник од „Nintendo“ можеби го користел за да ја изработи таа текстура уште во 1996 година.

Процесот вклучувал тестирање на приближно 530 фонтови, заедно со милиони комбинации на зборови, растојанија меѓу буквите, димензии на сликата и техники за промена на големината, за да се утврди кој пристап дава најблизок резултат.

Откако го стеснил изборот на фонтот на верзијата на „Palatino Bold Italic“ од „Adobe“ од 1990 година, програмата го идентификувала она што „mochi64“ верува дека е вистинскиот натпис: „Eternal Star. We hope so.“ („Вечна ѕвезда. Се надеваме на тоа.“) Првата линија текст беше утврдена по тестирање на над 27.000 зборови, додека посебно пребарување, кое опфати повеќе од 17.000 англиски зборови, покажа дека „We hope so“ (Се надеваме на тоа) најдобро одговара за втората линија.

Според авторот, добро познатата теорија „L is real 2401“ се покажа приближно двојно полошо во споредба со оригиналната текстура.

Ова откритие конечно би можело да стави крај на шпекулациите дека плочата содржела упатства за отклучување на Луиџи — иако братот на Марио, всушност, навистина бил планиран да се појави во „Super Mario 64“.

Всушност, Шигеру Мијамото претходно потврди дека Луиџи првично бил вклучен во играта како дел од планиран режим за повеќе играчи, но бил отстранет поради ограничувања во меморијата. „Mochi64“, исто така, ги објави кодот и податоците од проектот, како и извештај од 40 страници на „GitHub“, овозможувајќи им на другите играчи самите да ги проверат овие наоди.

Иако „Nintendo“ сè уште официјално не го потврди ова, откритието претставува уште еден пример за тоа како фановите продолжуваат да откриваат тајни во игра стара речиси 30 години.

Во 2025 година, еден друг јутјубер откри скриен звучен ефект во „Super Mario 64“, на кој му се потребни 14 месеци за целосно да се репродуцира.

Неодамна, еден програмер дури успеа да ја стартува „Super Mario 64“ на оригинален хардвер од конзолата „SNES“ — речиси три децении откако играта помогна да се дефинира жанрот на „3D“ платформски игри.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се намалуваат цените на бензините, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит.

Се намалуваат цените на бензините, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 8,120%, кај дизелот има зголемување за 0,404%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,074% и кај мазутот има зголемување од 2,060%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3292%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 27.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,273 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,694 ден/кг. и сега ќе изнесува 54,273 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција и понатаму нестабилна: Полицискиот час останува на сила

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска изјави дека 1.435 лица биле приведени за време на протестите во Франција овој викенд, како и дека полицискиот час ќе остане на сила во одредени градови и региони низ земјата.

Франција и понатаму нестабилна: Полицискиот час останува на сила

Според него, полицискиот час останува во сила поради социјалните немири, како и поради очекувањето дека ситуацијата нема значително да се промени во наредните денови.

Нуњез за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека за време на протестите во Франција викендов биле повредени 267 припадници на безбедносните сили – од кои повеќето се здобиле со полесни повреди – како и повеќе од 250 демонстранти.

Тој истакна дека француските власти успеале да ги држат под контрола протестите што се одржаа низ Франција во саботата и дека не биле забележани „никакви сериозни инциденти“.

Сепак, Нуњез укажа на „многу високо ниво на насилство врз полициските службеници“, конкретно насилство што доаѓа од елементи на „крајната левица“ кои им се приклучиле на протестите.

Тој нагласи дека овие елементи од крајната левица биле држени под контрола во саботата, за разлика од протестите што се одржаа на 17 октомври.

За протестите во саботата, француските власти ангажираа околу 70.000 полицајци и жандарми низ целата земја.

Според француското Министерство за внатрешни работи, на протестите низ Франција учествувале околу 410.000 луѓе, додека синдикатот ЦГТ проценува дека бројката изнесува околу 800.000. Во Париз, според податоците на полицијата, протестирале околу 110.000 луѓе, додека според проценките на синдикатите, таа бројка изнесувала 250.000.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер