РакометМарковиќ го засилува ППД Загреб Хрватскиот ракометен шампион Загреб во продолжение на сезоната ќе биде посилен за Жарко Марковиќ. 31-годишниот одличен десен бек ќе го поплни испразнетото место во Загреб по повредата на Давид Миклавчич. Црногорецот од 2014 година настапува за репрезентацијата на Катар, а од пред неколку месеци е слободен играч, бидејќи неговиот поранешен клуб Ел Џаиш се распадна. Еден дел од својата кариера Марковиќ го помина во македонскиот клуб Металург. Настапуваше и за екипите на Ловќен, Будуќност, Веспрем, Гепинген, ХСВ и за репрезентацијата на Црна Гора. Во Европа се враќа по три години поминати на азискиот континент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сосВо вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 150 гр. свежи печурки 100 мл. павлака за готвење 100 мл. масло 50 гр. путер 1 лажица путер од кикиритки сол, бибер и сув зачин Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУбава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косатаСобраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата. Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето. За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“. Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање. Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса. Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter