РакометМаркоски: Ова е важен дел за да се издржат другите фази од подготовкитеЕден од најискусните ракометари во екипата на Алкалоид е Никола Маркоски. Познат по својата игра пред се во одбраната. Каде и да настапувал бил носител на играта. - Веќе неколку години сме заедно во клубот и ги знаеме принципите по кои се работи и по кои се реализираат подготовките. Сезонава не повторивме грешки од минатото и сите ракометари ја одржуваа формата и за време на одморот, па на подготовките дојдовме спремни за процесот што ни следи. Овој дел е многу важен за подоцна да можат да се издржат и одработат другите фази, вклучително и натпреварите што ќе ни следат. По Маврово, ќе почнеме со следната етапа, а во неа се предвидени и контролни натпревари. Екипата добро ги поднесува подготовките, амбиентот е одличен и верувам спремни ќе бидеме за предизвиците што не чекаат, првенствено во септември. Тогаш ќе играме пет важни натпревари што ќе ја обликуваат целата сезона, изјави Маркоски. Екипата на Алкалоид ја одработува втората фаза од подготовките и десетина дена ќе се наоѓа во Маврово, каде покрај физичката подготовка ќе се работи и на тактика. Тагови: РК Алкалоид Маркоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30