Маркос: Филипини не сакаат судир, но ќе ги бранат своите триторијални води

 -Не бараме проблеми, но ќе продолжиме да ја браниме поморската територија на Филипините и правата на нашите рибари кои во овие области рибарат стотици години наназад, рече Маркос на прес-конференција, пренесен од американските медиуми. 

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот денеска изјави дека неговата земја не сака конфликт, но цврсто ќе ги брани своите територијални води, откако крајбрежната стража ја отстрани пловечката бариера поставена од Кина во спорниот дел од Јужно Кинеско Море.

-Не бараме проблеми, но ќе продолжиме да ја браниме поморската територија на Филипините и правата на нашите рибари кои во овие области рибарат стотици години наназад, рече Маркос на прес-конференција, пренесен од американските медиуми.

Филипинските власти во вторникот соопштија дека ја отстраниле пловечката бариера поставена од Кина за да ги блокира филипинските рибарски чамци да влезат во спорната област во Јужно Кинеско Море.

„Бариерата претставуваше опасност за пловидбата, што е јасно кршење на меѓународното право. Таа, исто така, го попречува спроведувањето на риболовот и активностите за егзистенција на филипинските рибари“, соопшти филипинската крајбрежна стража.

Пекинг реагираше на соопштението на филипинските власти и „ја советуваше Манила да не предизвикува провокации или да создава проблеми“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Филипинските власти претходно соопштија дека бариерата долга 300 метри на влезот во лагуната кај Скарборо Шол е „нелегална и нелегитимна“ и дека била поставена во петокот од бродови на кинеската крајбрежна стража, додека им се приближувал рибарски брод на филипинските власти.

Кина тврди дека полага право врз 90 отсто од Јужното Кинеско Море и делот што се преклопува со ексклузивните економски зони Виетнам, Малезија, Брунеи, Индонезија и Филипините.

Официјален Пекинг ја презеде контролата врз зоната Скарборо Шол во 2012 година и ги принуди рибарите од Филипините да патуваат на пооддалечени локации, каде што ловат помалку. Меѓутоа, Кина им дозволи на филипинските рибари да ловат риба во областа Скарборо Шол во периодот кога билатералните односи со Филипините се подобруваа во времето на поранешниот претседател Родриго Дутерте. Тензиите повторно ескалираа откако минатата година на власт дојде новиот претседател на Филипините Фердинанд Маркос помладиот.

Олимпискиот комитет дозволи учество на руски и белоруски спортисти без знамиња

На руските и на белоруските спортисти претходно им беше забрането учество.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) денеска соопшти дека на руските и белоруските спортисти кои ќе се квалификуваат за завршните натпревари во нивните спортови ќе им биде дозволено да учествуваат на Олимписките игри во Париз следната година, под услов настапуваат неутрално, без знамиња, амблеми и химни.

-Тимовите на овие земји, спортисти кои активно ја поддржуваа војната, како и спортисти кои се ангажирани во армијата или државните безбедносни агенции на Русија и Белорусија, се исклучени од Игрите, се наведува на веб-страницата на Олимпискиот комитет.

На руските и на белоруските спортисти претходно им беше забрането учество во меѓународните натпреварувања по руската инвазија на Украина, но оттогаш постепено им беше дозволено да се вратат како неутрални индивидуални спортисти./МИА

Мицотакис најави релокација на село погодено од неодамнешните поплави

Локалното население и локалните власти, како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, на Мицотакис му ги претставиле главните проблеми со кои се соочуваат.

Релокација на селото Метаморфоси во областа Тесалија, кое беше особено погодено од невремето „Даниел“, беше во фокусот на посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговата средба со жителите и претставниците на локалната самоуправа, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалното население и локалните власти, како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, на Мицотакис му ги претставиле главните проблеми со кои се соочуваат и разговарале за прашањето за преместување на селото што ќе се гради на повисока точка, по одлуката која самите жители ја донесоа.

По средбата, грчкиот премиер рече дека во рамките на неговата посета на областа Тесалија, сметал дека е негова должност да го посети и Метаморфоси за да поразговара со локалното население за иднината на нивното село.

-Штом и тие сакаат и се чини дека за тоа одлучија преку демократски процедури, им ја пренесов волјата на Владата, да се обврземе за изградба на ново Метаморфоси во просторот што е веќе одреден и веднаш ќе се проучи дали е соодветен. Верувам дека можеме многу брзо да тргнеме во оваа насока и конечно да дадеме дефинитивно решение за преселба на селотп, кое, како што знаете, не е првпат поплавено и ќе биде трајно во „окото на циклонот“ на климатската криза, која можеби станува се полоша и полоша, истакна Мицотакис. /МИА

Министрите од арапските земји бараат итен прекин на непријателствата во Газа

Министрите за надворешни работи на неколку арапски земји и Турција денеска во Вашингтон повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и апелираа до САД да ја поддржат резолуцијата на ОН за хуманитарен прекин на огнот, пренесе Бета.

-Нашата порака е дека веруваме дека е апсолутно неопходно веднаш да се запрат борбите, рече саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, во име на групата, повикувајќи го Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Тој изрази жалење што се чини дека крајот на конфликтот не е „приоритет на меѓународната заедница“.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека решението е прекин на огнот, а неговиот јордански колега Ајман Сафади изрази уверување дека „приоритет број еден е да се запре агресијата“.

Тој предупреди дека Израел ќе има одврзани раце да „продолжи со масакрот“ доколку ОН не ја усвојат резолуцијата.

Делегацијата, во која членуваат министри од Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија и палестинските власти, подоцна денеска ќе биде примена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Саудискиот министер изрази надеж дека американските партнери ќе направат повеќе и уверување дека можат да направат повеќе за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас. /МИА

притисни ентер