СветМарко Рубио откри колку ќе потрае операцијата во ИранФранцускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека земјите од Г7 усвоиле декларација за Иран со која се повикува на итен прекин на нападите врз цивили и инфраструктура, а по состанокот Марко Рубио разговараше со новинарите.„Ништо не го оправдува намерното таргетирање на цивили за време на вооружени конфликти, ниту пак извршувањето напади врз дипломатски објекти“, изјави Баро на прес-конференција по состанокот со колегите од Г7 во близина на Париз. „Исто така, се потврдува апсолутната потреба трајно да се врати слободната и безбедна пловидба во Ормутскиот теснец“, додаде Баро. Баро рече дека Марко Рубио, како и другите учесници во овие разговори, „сака да се осигура дека, откако ќе се постигнат воените цели на Соединетите Американски Држави, ќе се обезбеди поморска безбедност и слобода на пловидба во Ормутскиот теснец, како и во сите меѓународни води низ целиот свет“. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, разговараше со новинарите по состанокот со другите министри за надворешни работи на самитот на Г7 во Франција. На прашањето дали САД размислуваат за испраќање војници на Блискиот Исток како дел од напорите за неутрализирање на Иран, Рубио рече дека нема да разговара за воени тактики. Сепак, тој рече дека САД имаат јасни цели и се „многу уверени дека сме на работ да ги постигнеме многу брзо“. На прашањето колку долго би можела да трае американската операција во Иран, Рубио рече: „Зборуваме за недели, а не за месеци“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаВенера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република АлбанијаДенеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини. Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.Тагови: One Stop Shop Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓанитеСкопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град. Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина. Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди. Затоа што го сакаме Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО.Карпош: Започна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од КарпошЗапочна седумдневниот заслужен летен одмор за првенците на генерација и најдобрите спортисти од Општина Карпош. Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, од денеска ќе биде побогат за уште неколку талентирани ученици и спортисти од Карпош, кои ќе имаат можност да се дружат и да поминат заедно дел од летниот распуст. Локалната самоуправа финансиски го обезбеди престојот на првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласени ученици-спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026. Во истоимениот детски камп, Општина Карпош обезбеди неколкудневен престој и за осумте ученички – одбојкарки од Карпош кои го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник, Св. Ѓоргија. Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува младите умови и да ги наградува, како поттик да продолжат напред со нивното образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38