Марко Митев: Сплотеноста и посветеноста ќе ни донесат резултати - Канал 5

Марко Митев: Сплотеноста и посветеноста ќе ни донесат резултати

Репрезентативниот бек од Алкалоид, Марко Митев ги искажа своите очекувања за новата сезона. 

Марко Митев: Сплотеноста и посветеноста ќе ни донесат резултати

Митев кој за кратко време ја освои ракометна Македонија со својата пожртвуваност, бескомпромисност и неспорен квалитет, новата сезона ја почнува со тренинзи дизајнирани за побрза рехабилитација и враќање на терените по тешката повреда на коленото.

- Секој од нас посветено работи и се подготвува за претстојната сезона. Условите за работа во РК Алкалоид, како и до сега, се врвни, исклучително професионални и се на највисоко ниво. За тоа зборуваат и досегашните резултати и постигнувања на екипата. Стручниот тим ни е максимално посветен. Заеднички и напорно работиме сите, а секој со својот ангажман и квалитет придонесува екипата да биде максимално спремна за сезоната што ни претстои. Во тимот има одлична хемија и сплотеност, посветени сме на тренинзите и се надополнуваме еден со друг. истакна Митев.

Ракометарите на тимот од Автокоманда утре заминуваат во Маврово, а потоа ги очекуваат неколку контролни натпревари во Србија, Хрватска и Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер