СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
1СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
ЗабаваМарко Јариќ се всели во вила во Белград, па објави фотографии и видеоПоранешниот српски кошаркар Марко Јариќ (42) ги покажа деталите oд својот нов дом во српската престолнина, на кој работеше долго време.Јариќ објави слики од дворот, како и од погледот од домот, а овие негови објави изненадија многумина. Да потсетиме, Марко ја изгради вилата на Дорќол. Вредноста на вилата се проценува на три милиони евра, а спортистот инвестираше уште 200.000 евра во опрема. -Куќата има пет спални, три бањи, теретана, базен, но и неколку места за паркирање. Марко ангажираше компанија која беше изведувач и инсистираше да завршат на време за да не плаќа казни. Работата ја надгледуваше неговиот татко Среќко. Сега, кога работите се завршени, Марко најде агенција која ќе биде надлежна за опремување на вилата - изјави извор близок на Јариќ минатата година. Извор: blic.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со водаВладата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето. Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар останува забранета за употреба.Надлежните по седницата на Главниот штаб за кризи најавија почести мерења на квалитетот и дополнителни снабдувања на гостиварци со цистерни и со флаширана вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08