Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканМарко Ѓуриќ: Доколку Европа не го заврши процесот на проширување, ризикува да стане тематски парк Ѓуриќ оцени дека доколку Европа не го заврши процесот на проширување на својот континент, ризикува да ја изгуби својата важност.Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ оцени дека доколку Европа не го заврши процесот на проширување на својот континент, ризикува да ја изгуби својата важност и да стане, како што вели, еден вид тематски парк, каде што „можете да уживате во туризмот и да се забавувате“. „За нашиот континент да го врати своето заслужено место на светската сцена, ние Европејците мора да ја прифатиме целата визија за обединета Европа, а вистинското единство не е можно без Балканот“, рече Ѓуриќ во интервју за шпанскиот весник „Мундо“, пренесоа српските медиуми. Интервјуто е даде за време на неговата штотуку завршена официјална посета на Шпанија. На прашањето што според него се случило за Србија повеќе да не биде фаворит да биде следната земја-кандидат за членство во ЕУ, Ѓуриќ одговори дека Србија вредно работи на спроведување на сите потребни реформи, со цел да ги заврши сите законски измени до крајот на 2026 година. „Србија привлече 65 проценти од сите инвестиции во Југоисточна Европа и, згора на тоа, ја стабилизираше својата макроекономска состојба до степен до кој го намаливме односот на јавниот долг кон БДП од 79 проценти на 45 проценти денес. Затоа, верувам дека Србија навистина може да придонесе за европскиот економски раст, бидејќи нашата годишна стапка на раст е значително над европскиот просек и не се бориме за членство за да добиеме повеќе пари од Брисел“, рече Ѓуриќ. Од друга страна, тој верува дека понекогаш постојат политички или идеолошки позиции во некои земји-членки кои влијаат на темпото на процесот на пристапување. „Мислам дека ако Европа не го заврши процесот на проширување на својот континент, ризикува да ја изгуби својата релевантност и, искрено, ризикува да стане еден вид тематски парк каде што можете да уживате во туризмот и да се забавувате“, рече Ѓуриќ. На прашањето дали мисли дека Србија е во неповолна позиција затоа што се перцепира како блок заедно со остатокот од Западен Балкан, Ѓуриќ одговори дека Србија не е себична во своите амбиции и не е против земјите од регионот да се приклучат кон ЕУ. Тој додаде дека негова главна цел во овој период е да придонесе за стабилноста на својата земја, обидувајќи се да создаде средина на добрососедство. На прашањето дали е изненаден што американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 35 проценти за Србија, Ѓуриќ одговори дека земјата активно соработува со американската администрација за да се реши прашањето за царините, но, како што вели, тоа не е единствениот фокус на односите со САД. „Пред две недели бев во Вашингтон и имав одлична средба со државниот секретар Марко Рубио. Се договоривме за долгорочен стратешки дијалог меѓу Србија и САД на крајот од оваа година, покрај потпишувањето на договор за стратешко партнерство во енергетскиот сектор минатата година.“ На прашањето каква е моменталната позиција на Србија во врска со војната во Украина, шефот на српската дипломатија посочи дека Србија води избалансирана надворешна политика и одржува дијалог и разговори со сите заинтересирани страни. Тој истакна дека Србија ги поддржува принципите на Повелбата на Обединетите нации во врска со територијалниот интегритет и суверенитетот на сите независни држави, вклучително и Украина. „Но, ние ја водиме и нашата надворешна политика, во согласност со нашите национални интереси. Србија испрати значителна хуманитарна помош до народот на Украина и прими илјадници Украинци во Србија. Ние заземаме принципиелна позиција во овој конфликт. Затоа, во меѓународните организации секогаш сакаме тој да се реши што е можно поскоро. И претседателот Вучиќ ѝ понуди на Србија да биде домаќин на секаков вид формални или неформални разговори за тоа како да се решат тензиите. Не се плашиме од зборот мир“, рече Ѓуриќ. Тој нагласи дека српската влада е отворена за дијалог кога станува збор за студентските протести, и дека протестите не ги водат исклучиво студенти, ниту, вели тој, студентите се обединети по ова прашање, додавајќи дека има и студенти во провладиниот камп пред Народното собрание во Белград. „Владата постојано ја покажуваше својата подготвеност да ги слушне некои од барањата што првично ги постави. Понатаму, владата поднесе оставка во април. Имаме нова, токму затоа што сакавме да се справиме со барањата на демонстрантите“, рече Ѓуриќ. Тој потсети дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постојано повикува на дијалог со разни опозициски групи. „Последниот пат, пред една недела. И, за жал, овие барања беа одбиени. Од друга страна, видовме сцени на насилство или напади врз полицајци во седишта на СНС и собири што го кршат законот, што е парадокс, бидејќи тие бараат поголемо владеење на правото, но не се подготвени да се придржуваат кон неговите основни елементи. Владата покажа воздржаност, употребата на полицијата беше ограничена на случаи кога демонстрантите го блокираа патот. А српскиот народ не ги сака блокадите. Анкетите покажуваат дека поддршката за претседателот расте. Таа е малку под 50 проценти“, рече Ѓуриќ. На прашањето кои се причините претседателот Вучиќ да пишува писма до „Фајненшл тајмс“ и „Гардијан“ за да го изрази своето мислење за протестите, Ѓуриќ одговори дека Србија многу се труди да го подобри својот имиџ. Кога го прашаа што мисли за изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој рече дека „Србија е на работ на граѓанска војна“ поради протестите, шефот на српската дипломатија одговори дека Србија има многу почит кон сите свои соседи, додавајќи дека не смета дека е соодветно да се коментира внатрешната состојба на своите соседи на тој начин.Тагови: Марко Ѓуриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБаталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицатаДенес, во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележаа 11 Ноември – Денот на единицата.На денешната свеченост присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик- министерот за одбрана Адмир Шабани, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на единиците во составот на Армијата, претставници од Сојузот на борците, како и голем број поранешни припадници на Баталјонот за почести. По тој повод пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Баталјонот за почести потполковник Игор Милчов. Началникот на Генералштабот на Армијата во своето обраќање истакна дека Баталјонот има одговорна мисија која директно ги претставува угледот и авторитетот на Армијата, институционалниот и националниот идентитет на татковината. Потсетувајќи на историските корени од Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата гардиска бригада, началникот порача дека традицијата се одржува преку личен пример и врвен професионализам. „Вашата мисија не остава простор за импровизација, ниту дозволува компромис со квалитетот. Во вашата служба нема мала или голема задача – беспрекорноста мора да биде ваш секојдневен професионален стандард“, нагласи началникот на Генералштабот. Упатувајќи признание до припадниците на Баталјонот за почести, за нивната улога во афирмацијата на Армијата и државата, им го честиташе празникот и им порача гардиските вредности – чест, храброст и посветеност, заедно со мотото „Lux Aeterna“ (Вечна Светлина), да продолжат да бидат нивен водич во службата. Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Игор Милчов, се осврна на реализираните задачи во изминатиот период, меѓу кои официјалните пречекувања со највисоки воени почести, церемониите за смена на државното знаме, билатералните соработки и другите протоколарни активности. Воедно го истакна придонесот на Воениот оркестар, чиј професионализам и посветеност доаѓаат до израз преку бројните протоколарни и меѓународни ангажмани, како и традиционалниот предновогодишен концерт. Притоа, во својот говор изрази благодарност за континуираната поддршка од претпоставената команда, како и за придонесот на сите припадници во градењето цврст колектив, заснован на гардиските вредности . На денешната свеченост беа доделени стимулативни мерки на припадниците од баталјонот, кои во изминатиот период особено се истакнале во извршувањето на своите задачи. По повод заминувањето во пензија на наредник Горанчо Атанасовски му беше доделена Плакета во знак на благодарност за долгогодишната служба во Армијата. Во пресрет на празникот беше реализирана хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст, а беше спроведена и акција за доброволно дарување крв. Баталјонот за почести го прославува Денот на единицата како носител на традициите на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16