Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн - Канал 5

Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн

Во петок сите маркети, аптеки, продавници за бела техника ќе треба на своите веб страни транспаретно да ги објават цените на сите производи. 

маркет

По законските измени, министерството за економија и труд на почетокот на месецов го скрои и правилникот. При објавување на цените трговците се должни да наведат име на стоката, неговата продажна цена со ДДВ, единчена цена по килограм, литар или метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, како и редовна цена со ДДВ, а во случај на попуст, и цената со попуст и времетрањето на промоцијата. Ажурирањето на цените треба да се прави на дневна основа, секој работен ден до 10 часот наутро, со што потрошувачите ќе може во реално време да споредуваат, а очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми конкуренцијата и ќе се намалат цените.

Овој т.н. израелски модел, кој веќе се применува во неколку земји, според Организацијата на потрошувачи е добар но може да биде и дискриминирачки од апсект на тоа што не сите имаат достапност до интернет, и голем маркет во нивна близина. Но дополнително се надеваат дека веќе од петок ќе запре и праксата на одредени маркети со различни цени на рафтовите и на каса.

„Трговците веќе помалку ќе може да се вадат дека немале време цените се менуваат и они немаат време да ги апдејтираат бидејќи ќе им биде законска обврска ... Што со оние луѓе кои живеат во рурални средини, што немаат ни интернет, меѓутоа немаат ни поголеми маркети, бидејќи од ова се изземени микро трговците кои што имаат вработени до 10 луѓе, што значи дека на тој начин ќе бидат малце обесправени. “-изјави Татјана Тасевска – ОПМ .

Од организацијата велат и дека властите треба размислуваат за подолгорочни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, наместо како сегашнтие за скалесто ограничување на маржи и замрзнување на цените на одредени производи, кои се временски ограничени до крајот на месецов..

„Сметаме дека овие мерки секогаш треба да бидат подолгорочни обично кај нас се носат на кракти рокови , месец дена два месеци, и ни се случува откако ќе престане мерката веднаш да имаме нови покачувања на цените што не дава никакви резулатати. “-изјави Татјана Тасевска – ОПМ .

Досега 9 правни субјекти, вклучително и маркети, аптеки, увозници – дистрибутери, кои не ја почитувале одлуката за маржите добиле 15 дневна забрана за вршење на дејност. Пазарниот инспректрат има извршено над 500 конторли, констатирани се околу 65 неправилности, и изречени се парични казни во висина од над 50 илјади евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Работниците во грчкиот јавен сектор, заедно со неколку синдикати од приватниот сектор, денес одржуваат штрајк на национално ниво, барајќи повисоки плати и поквалитетни јавни услуги – потег што предизвика нарушувања во транспортот низ целата земја.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Фериботскиот сообраќај кон островите е прекинат, а работата на метрото е запрена во утринските и вечерните часови. Истовремено, откажани се летови на некои регионални аеродроми, бидејќи на штрајкот им се придружија поморци, како и работници од секторите транспорт и телекомуникации.

Штрајкот, организиран од најголемиот синдикат во грчкиот јавен сектор, АДЕДИ, бара повторно воведување на годишните бонуси на плата – кои беа укинати за време на грчката должничка криза – како и зголемување на средствата за здравството и образованието.

Се очекува вработените во јавниот сектор, од наставници во училиштата до лекари во болниците, во текот на денот да излезат на улиците во Атина и во другите градови за да протестираат и да ја изразат својата поддршка за штрајкот.

Овој штрајк во Грција – трет во последните неколку недели – се совпаѓа со растечкиот бран протести на млади луѓе низ Европа, поттикнати од лошите услови во образованието, зголемените трошоци за домување и падот на животниот стандард.

„Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија...“

„Се бориме за значително зголемување на платите што ќе го надомести губењето на нашата куповна моќ“, изјавија од АДЕДИ. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија, ниту пак катастрофалната состојба во јавното здравство и образованието“, додадоа тие.

Грција, една од најзадолжените земји во еврозоната, се опорави од финансискиот колапс кој, меѓу другото, доведе до намалување на платите во замена за пакети финансиска помош во вредност од приближно 280 милијарди евра.

Иако во последните години платите се зголемија, а даноците се намалија, многу домаќинства сè уште се соочуваат со тешкотии поради наглиот пораст на кириите и трошоците за живот – ситуација која дополнително се влошува поради повисоките цени на храната и енергенсите, што е последица на војните во Украина и на Блискиот Исток. Премиерот ветува божиќни бонуси и повисоки плати

Владата на десниот центар, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис – кој беше реизбран во 2023 година, а напролет го очекуваат национални избори – најави даночни олеснувања и субвенции во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди евра за оваа година, со цел да им се помогне на граѓаните со ниски примања и на пензионерите.

Тој вети божиќен бонус од 500 евра за околу 700.000 државни службеници, почнувајќи од декември 2027 година, како и просечна месечна плата од 1.800 евра во сите сектори до 2030 година – што претставува зголемување во однос на сегашниот износ од околу 1.400 евра.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. 

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“.

Добар ден и од мене.

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато.

Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства.

Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи.

Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер се јави од болница

 Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. 

Јаник Синер се јави од болница

Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим.

„Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер.

Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи.

Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер