Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаМАРКЕТ ВИЖН: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во сериозно водство пред останатите партии Според последната анкета на агенцијата Маркет Вижн а нарачана од MKD.mk која е направена телефонски од 8 до 15 декември на примерок од 1067 испитаници пораснат е рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски.Последната анкета на агенцијата Маркет вижн во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори. Податоците од анкетата направена од 8 до 15 декември покажуваат дека се зголемува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски. Според Маркет вижн на прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го кажале името на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,6,65 отсто од нив го избрале Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат 4,25 отсто од учесниците во анкетата, потоа следуваат претседателот на Левица, Димитар Апасиев, со 3,5 %, првиот човек на новофоримарниот Знам, Максим Димитриевски се појави на листата на со поддршка од 2,10 % од испитаниците . Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија. Партијата ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред останатите партии во анкетата на Маркет Вижн. На прашањето за која партија ќе гласате на престојните избори, дури 16,35 % од граѓаните и дале поддршка на партијата ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто. Повеќе од 60 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат на следните избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВремен режим на сообраќај на ГП „Делчево“Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања. Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.Тагови: ГП „Делчево“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребноГрадоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство. „Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски. При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата. Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.Тагови: Сашко Митовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter