Марк Руте ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк - Канал 5

Марк Руте ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк

 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска патува за Њујорк за да присуствува на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, соопшти Прес-службата на Алијансата. 

Марк Руте ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Според најавата, покрај учеството на заседанието на Генералното собрание на ОН, Руте вечерва по локално време ќе присуствува на Трансатлантската вечера, чиј организатор е американскиот државен секретар Марк Рубио.

За утре, пак, е предвидено Руте да се обрати пред кадетите на Воената академија „Вест Поинт“.

Во рамки на дводневниот престој во Њујорк, генералниот секретар на НАТО ќе имаа и повеќе средби со светски лидери и високи функционери присутни на Генералното собрание на ОН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седма вечер на отвореното културно лето во Карпош

Вчеравечер Карпошовото културно лето започна со презентација на фолклорната  уметност , во организација на АКУД „Мирче Ацев“. 

Седма вечер на отвореното културно лето во Карпош

Освен домашни групи, танцовите фолклорни ансамбли од Мексико, Романија, Унгарија , Полска и Турција, беа одлична можност, почитувачите на автентичниот фолклор да се насладат на интернационална играорна култура од други земји.

Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, во рамки на проектот „ReArt, во кафулето „Ли“, за љубителите на овој вид на уметност, беа изложени и презентирани автентично изработени скулптури од рециклирани материјали, создадени од млади таленти .

-Навистина ми претставува особена чест, што вечерва имаме можност да ги видиме овие фасцинантни дела од оваа изложба. Она што го гледаме пред нас е најдобар доказ дека уметноста може да се роди токму таму, каде што најмалку ја очекуваме. Особено ме радува што зад овие дела стојат млади луѓе. Тие ни покажуваат дека креативноста нема граници, а одговорниот однос кон животната средина може да започне со едноставна промена во начинот на кој гледаме на работите околу нас, потенцираше првиот човек на Карпош , Лукровски.

Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ со почеток од 20:00 часот , во рамки на отвореното кино, беше прикажан филмот „Исцелител“. И овој пат, карпошани, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, гледаа домашен македонски филм, во една релаксирана и опуштена атмосфера.

Седмата вечер на отвореното културно лето во Карпош, заврши на најдобар можен начин-со одлична забава со неповторливите Игор Џамбазов и Гуру Харе . Нашиот легендарен шоумен заедно со гитаристот во придружба, направија незаборавна вечер за паметење. Со бравурозен настап, како на „филмска лента“ сe редеа познатите македонски поп-рок хитови и евергрини од познати македонски изведувачи кои ги натераа присутните заедно со Џамбазов и Гуру Харе да пејат и одлично да се веселат. Меѓу своите карпошани во релаксирана и опуштена атмосфера се забавуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Директорот Гоце Димовски оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон.

Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ.

Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата. Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер