СветМарк Керни положи заклетва- Канада го доби 24. Премиер- заврши ерата на Џастин Трудо Марк Карни денеска положи заклетва како нов премиер на Канада. Тој ќе го замени Џастин Трудо, кој е на власт во оваа земја речиси една деценија.Церемонијата на положување заклетва се одржа во Отава, главниот град на Канада, објави Ал Џезира. Карни е 24-тиот премиер на Канада. Со него положи заклетва и неговиот кабинет. Поранешниот гувернер на централната банка победи во трката за лидерство на канадската владејачка Либерална партија. Карни ја презема функцијата во турбулентно време за Канада, која е среде трговска војна со Соединетите држави под претседателот Доналд Трамп и наскоро треба да одржи општи избори. Марк Карни (59) освои 86 отсто од гласовите, победувајќи ја поранешната министерка за финансии Кристиа Фриланд во партиски натпревар во кој гласаа нешто помалку од 152.000 членови. Карни, кој никогаш претходно не бил избран на политичка функција, тврдеше дека тој е најдобриот кандидат да ја ревитализира партијата и да преговара со Трамп, кој се заканува со дополнителни царини кои би можеле да ја загрозат канадската економија, зависна од извозот. Роден во Форт Смит, во северозападните територии на Канада, Карни пораснал во Едмонтон, Алберта, во семејство на учители. Според неговата веб-страница на кампањата, тој играл хокеј на мраз како голман во младоста, што станало дел од неговата политичка симболика. #ÚltimaHora | Mark Carney tomó protesta como primer ministro de Canadá durante una ceremonia en Ottawa.https://t.co/4ywwVa37o2 — NMás (@nmas) March 14, 2025 Неговото образование го одвело во Америка, каде што ги завршил студиите по економија на Харвард, а потоа магистрирал и докторирал економија на Оксфорд. Неговата деловна кариера била подеднакво меѓународна - тој работел 13 години во Голдман Сакс, во канцеларии во Лондон, Токио, Њујорк и Торонто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter