3Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветМарк Карни: Од гувернер до премиер на Канада со визија за економска стабилностМарк Карни, поранешен гувернер на Банката на Англија, победи на канадските избори и стана нов премиер на земјата. Минатиот месец тој положи заклетва откако неговиот претходник Џастин Трудо поднесе оставка, по што беа распишани предвремени избори. Вчера, Канаѓаните повторно излегоа на гласачките места и мнозинството од нив го даде гласот за Либералната партија. Карни беше првиот не-Британец на чело на британската централна банка во нејзината над 300-годишна историја. Претходно ја водеше Канада низ финансиската криза во 2008 година како гувернер на Банката на Канада. За разлика од повеќето политички кандидати, тој никогаш не извршувал политичка функција. Сепак, на почетокот на март убедливо победи во внатрепартиската трка на Либералната партија за наследник на Џастин Трудо, а сега е избран и со волјата на граѓаните. Во кампањата, Карни се повика на своето искуство во управувањето со глобални економски кризи, надевајќи се дека Канаѓаните ќе го препознаат како лидер способен да се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој поведе трговска војна против Канада. Иако работел во Њујорк, Лондон и Токио, Карни е роден во оддалечениот Форт Смит, на Северозападните територии на Канада. Неговите предци потекнуваат од ирската грофовија Мејо, поради што поседува и ирско државјанство, покрај канадското. Британско државјанство стекнал во 2018 година, но неодамна изјави дека планира да се откаже од него, сметајќи дека премиерот треба да има исклучиво канадско државјанство. Син на директор на средно училиште, Карни со стипендија се запишал на Харвард, каде што играл хокеј на мраз. Во 1995 година докторирал економија на Универзитетот во Оксфорд, истражувајќи како домашната конкуренција може да ја зголеми националната конкурентност – тема повторно актуелна поради американските царини. „Марк беше исклучително способен студент, брзо усвојуваше нови пристапи и перспективи“, изјави неговата поранешна менторка Мег Мајер во соопштение од Универзитетот во Оксфорд по неговата изборна победа. Во 2003 година, Карни го напушти приватниот сектор за да стане заменик-гувернер на Банката на Канада, а потоа беше и заменик-министер за финансии. Во 2007 година, непосредно пред почетокот на глобалната финансиска криза, беше назначен за гувернер на Банката на Канада. Неговото лидерство беше пофалено за ублажувањето на последиците од рецесијата. За разлика од традиционално воздржаните централни банкари, тој отворено најави дека каматните стапки ќе останат ниски најмалку една година по нивното драстично намалување, поттикнувајќи инвестиции во економијата. Сличен пристап примени и во Обединетото Кралство како гувернер на Банката на Англија, каде што ја модернизираше институцијата и ја зголеми нејзината јавна видливост. Воведе пракса за намалување на бројот на состаноци за каматните стапки и објавување на записници веднаш по одлуките. Исто така, ја воведе „политиката на идно насочување“ (forward guidance), ветувајќи дека нема да ги зголемува стапките додека невработеноста не падне под 7%. Поради нејаснотии околу оваа политика, еден пратеник го нарече „недоверлив дечко“, прекар што го следеше со години. Пред референдумот за независност на Шкотска во 2014 година, Карни предупреди дека независна Шкотска би можела да го загуби пристапот до британската фунта. Пред Брегзит, тој укажа дека излегувањето од ЕУ може да предизвика рецесија. По одлуката за Брегзит, кога фунтата нагло падна, Карни се обиде да ја смири јавноста, уверувајќи дека финансискиот систем ќе продолжи да функционира. Подоцна, Банката на Англија дополнително ги намали каматните стапки и ја обнови програмата за откуп на обврзници. Во март 2020 година, пред пандемијата на коронавирусот, Карни повторно ги намали каматните стапки, проценувајќи дека економскиот шок ќе биде привремен. Во текот на кариерата, тој стекна искуство во односите со Доналд Трамп, кој повторно е американски претседател и воведе високи царини за Канада, дури и предложи нејзина анексија. Како претседател на Комисијата за финансиска стабилност (FSB) од 2011 до 2018 година, Карни одигра клучна улога во меѓународниот одговор на политиките на Трамп. Учествуваше на бројни состаноци на Г20 и имаше директен увид во однесувањето на Трамп на глобалната сцена. Иако првично беше воздржан, во последните денови Карни поотворено го коментира Трамп, споредувајќи ги неговите изјави за Канада со „коментарите на Волдеморт“. „Кога ќе размислите што стои зад тие навредливи коментари на претседателот, гледате колку се опасни. Нема ни да ги повторам, но знаете на што мислам“, рече Карни. Тој порача дека Канада ќе одржува противмерки „сè додека Американците не покажат почит и не преземат веродостојни обврски за слободна и фер трговија“. Либералите, според медиумите, со децении се обидувале да го привлечат Карни во политиката, но тој долго време одбивал, еднаш дури и прашувајќи новинар: „Зошто да не станам кловн во циркус?“ Ситуацијата се промени во јануари, кога Трудо поднесе оставка по излегувањето од владата на министерката за финансии Кристија Фриланд, што предизвика внатрепартиска криза. Иако Фриланд му беше пријателка и противкандидат во борбата за лидерство, Карни убедливо победи, презентирајќи се како најискусен во управувањето со кризи. „Знам како да управувам со кризи“, рече тој за време на соочувањето минатиот месец. „Во вакви ситуации, потребно е искуство во преговори и управување со кризи.“ Покрај цврстиот став кон Трамп, Карни претстави и низа домашни политики. Познат е како застапник за еколошка одржливост – во 2019 година беше назначен за пратеник на ОН за климатски промени, а во 2021 година ја основа Глазговската финансиска алијанса за нето нула емисии. Една од најконтроверзните теми на администрацијата на Трудо беше данокот на јаглерод, кој конзервативците ветуваа дека ќе го укинат. Карни, веднаш по стапувањето на должност, одлучи да го укине данокот од 1 април. „Ова ќе им помогне на Канаѓаните под притисок од трошоците“, изјави тој. Во кампањата се залагаше за зајакнување на Канада како „чиста и конвенционална“ енергетска сила и за забрзување на одобрувањата за големи инфраструктурни проекти. На прашањата за можните конфликти меѓу енергетската политика и климатските цели, тој се опиша како „прагматичар“. Во однос на имиграцијата, Карни поддржува ограничување на сегашните имиграциски цели за да се заштитат капацитетите на здравствениот и станбениот систем. Како најголем предизвик, тој го истакна зачувувањето на економскиот раст на Канада и покрај намалената трговија со САД. /МИАТагови: канада Марк Карни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МетеоУтре ќе паѓа снег со температури од минус 3 до 6 степениВремето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 5 Лазарополе, Крушево, Тетово, 6 Скопје – Зајчев Рид, Штип, 7 Велес, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Берово, Претор, 9 Битола, Виница, Демир Капија, 10 Скопје Петровец, 11 Струмица, 12 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 14 Струмица, 11 Берово, 10 Охрид, Претор, Демир Капија, 9 Крива Паланка, 8 Пожаране, Виница, 7 Попова Шапка, Битола, 6 Тетово, 5 Маврови Анови, Крушево, 4 Велес, Штип, Лазарополе, Зајчев Рид, 3 Прилеп, Гевгелија, Тополчани, 1 Кавадарци. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот врнежите ќе продолжат, а во текот на ноќта најпрво во западните делови ќе преминуваат во врнежи од снег. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 2 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП утре избира претседател, на Собранието ќе присуствуваат политичари од Европа Либерално-демократската партија утре, 29 ноември, ќе го одржи Деветтото либерално-демократско собрание под мотото „Напред, либералдемократи!“. На Собранието, делегатите ќе избираат нов претседател на партијата. На свеченото отворање ќе се обрати актуелната претседателка на ЛДП, Моника Зајкова. Таа ќе се осврне на досегашната работа на партијата и на иницијативите за заштита од семејно насилство и поголема отчетност на носителите на јавни функции. Со видеопораки ќе се вклучат тројца европратеници, Свења Хан, претседателка на АЛДЕ, Малик Азмани од Нидерланди и Ирена Јовева од Словенија. На Собранието ќе присуствуваат 13 меѓународни гости, меѓу кои пратеници, партиски лидери и претставници на европски политички организации. Меѓу нив се Дејвид Чалмерс од британските Либерални демократи, Кинче Силаш, претседателка на унгарската партија Моментум, Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на партијата Центар, Јоана Павел од АЛДЕ и Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум. Од Црна Гора ќе присуствуваат Есад Шаиновиќ, генерален секретар на Либералната партија, Амар Боранчиќ, заменик-градоначалник на Бар и потпретседател на партијата, и Миодраг Влаховиќ, поранешен министер за надворешни работи. Од Србија доаѓаат Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во српскиот парламент. Од Косово ќе присуствуваат Елиза Хоџа, пратеничка и меѓународна секретарка на Демократската партија на Косово, Бернард Никај, генерален секретар на ЛИБСЕЕН и поранешен министер во Владата на Косово, и Бесиана Мусмурати, заменик-градоначалничка на Приштина. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФудбалерите на Реал и нивниот тренер Мурињо добија нови БМВ, вредни речиси 4,4 милиони евра (ФОТО)Петта година по ред, BMW им испорачува нови автомобили на играчите од првиот тим на Реал Мадрид и на тренерот Жозе Мурињо. Соработката помеѓу германскиот производител и мадридскиот клуб започна во 2022 година, а оваа сезона електрифицираните модели повторно доминираат меѓу фудбалерите. Само еден од избраните автомобили не може да се поврзе со полнач. Дури 15 играчи го избраа истиот модел Веројатно најпопуларниот автомобил меѓу ѕвездите на Реал е BMW XM Label, моќен plug-in хибрид кој комбинира V8 бензински мотор и електричен мотор и развива вкупно 748 КС. Забрзува до 100 км/ч за 3,8 секунди и може да помине до 88 километри само на електрична енергија. Секој играч во тренинг центарот на Реал има свое паркинг место опремено со полнач, така што може да прави дневни патувања без да користи бензински мотор. XM Label, чија цена на шпанскиот пазар е 197.228 евра, беше избран од дури 15 играчи: Дамфрис, Асенсио, Карерас, Родриго, Бернардо Силва, Брахим, Белингам, Хујсен, Куртоа, Конате, Трент, Чуамени, Гулер, Менди и Ридигер. Мбапе останува верен на истиот модел Килијан Мбапе повторно го избра BMW iX3 50 xDrive, а истиот автомобил ќе го возат Диоманде и младиот Тијаго Питарч. Тоа е првиот модел од новата генерација автомобили Neue Klasse на BMW, која го носи и новиот дигитален интерфејс BMW Panoramic iDrive. Електричниот SUV со погон на сите тркала развива 469 КС, забрзува до 100 км/ч за 4,9 секунди, а според официјалните податоци од BMW, може да помине до 805 километри со едно полнење. Неговата цена е 73.150 евра. Едуардо Камавинга и тренерот Жозе Мурињо се одлучија за поголемиот електричен SUV iX xDrive60. Има 544 КС и дострел до 701 километар, а чини 107.900 евра без дополнителна опрема. Винисиус избира луксузен седан, Валверде најевтиниот модел Винисиус Жуниор, Еспи и Ендрик се одлучија за електричниот седан i7 xDrive60. Фредерикот на BMW развива 544 КС, има дострел до 727 километри и чини 141.750 евра. Меѓу дополнителните опции за опрема е голем екран со дијагонала од 31,3 инчи за патниците на задните седишта. Федерико Валверде беше единствениот што го избра iX2 xDrive30, компактен електричен SUV со линија на покривот слична на купе. Развива 306 КС, а со цена од 59.750 евра, тој е и најевтиниот автомобил меѓу избраните модели. Двајца ќе возат M5, само еден избра покласичен погон Едер Милитао и Андриј Лунин се одлучија за BMW M5. Спортскиот седан со plug-in хибрид развива 727 КС, забрзува до 100 км/ч за 3,2 секунди, а со дополнителниот M Driver's Package може да достигне максимална брзина од 305 км/ч. На шпанскиот пазар чини 169.300 евра. Марк Кукурела беше единствениот што избра автомобил кој не можеше да се вклучи на полнач. Станува збор за BMW X7 xDrive60i, голем луксузен теренец со 4,4-литарски V8 бензински мотор, благ хибриден систем и 530 КС. X7 стандардно доаѓа со три реда седишта, а весникот Marca го поврзува својот избор со фактот дека фудбалерот има три деца. Цената на автомобилот е 158.550 евра.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook