3СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ЗабаваМарк е татко на три деца и сопруг, па сепак „не излегува“ од женска облека (ФОТО)61-годишниот Британец Марк Брајан, инженер по роботика и оженет татко на три деца, стана хит на социјалните мрежи благодарение на неговиот необичен моден избор.Марк сака да носи здолништа и штикли. Пред четири години почна радикално да ја менува својата гардероба, па сега штиклите, тесните здолништа и чизмите до глужд се секојдневие во неговите модни комбинации. View this post on Instagram A post shared by Mark Bryan (@markbryan911) Преферира здолништа отколку фустани бидејќи, како што вели за BrightSide, здолништата му дозволуваат да комбинира повеќе парчиња - може да биде „мажествено“ облечен над половината, а родово неутрален под половината. Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во неговиот начин на облекување и дека не се работи за тоа дека нивниот татко е геј, вели тој. View this post on Instagram A post shared by Mark Bryan (@markbryan911) И децата и сопругата го поддржуваат, а сопругата му помага да смисли комбинации. Наидувал на негативни коментари, но не обрнува внимание на тоа. „Ако луѓето почнат да ме прашуваат за сексуалноста, јас ги прашувам дали би биле заинтересирани да носат панталони“, вели овој препознатлив татко кого на Инстаграм го следат над 600.000 луѓе. View this post on Instagram A post shared by Mark Bryan (@markbryan911) View this post on Instagram A post shared by Mark Bryan (@markbryan911) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
НБАМоже ли да се блокира продажбата на ЛА.Лејкерс“? Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат. Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат, бидејќи Џини Бас има можност да побара привремена судска забрана за оваа трансакција. НБА-аналитичарот и поранешен адвокат Нејт Данкан објасни дека Бас би можела да побара од судот да ја „замрзне“ продажбата сè додека не се утврди дали нејзините браќа и сестри воопшто имаат овластување да го продадат преостанатиот семеен удел од 17,82 отсто во „Лејкерс“. „Она што би се очекувало тој да го направи во одреден момент е да побара судска забрана. Всушност, му велите на судот: 'Сè уште немавме време да го решиме целиот случај, но се подготвува нешто што подоцна не може да се поништи'“, објасни Данкан. Бас би можела да аргументира дека со губењето на нејзиниот сопственички удел и на позицијата гувернер на „Лејкерс“, би претрпела штета што подоцнежната финансиска компензација не би можела да ја надомести. „Запрете ја продажбата. Не дозволувајте таа да се реализира пред да стигнеме до судење, бидејќи ќе претррам непоправлива штета, а парите подоцна нема да можат да ме вратат на мојата претходна позиција“ – вака Данкан ја опиша содржината на нејзиното евентуално барање. Сепак, таков чекор сè уште не е можен, бидејќи продажбата на акциите на семејството Бас сè уште не е формално започната. Според Данкан, неопходно е најпрво да пристигне официјалното известување од Марк Волтер и трансакцијата да влезе во соодветната правна процедура. Пет од шесте деца на покојниот Џери Бас – Џим, Џони, Џени, Џои и Џеси – гласаа за продажба на семејниот удел на Боб Ајгер и Џошуа Кушнер, додека Џини се обидува да ја блокира трансакцијата. Во август, Ајгер и Кушнер се договорија да го купат мнозинскиот удел на Марк Волтер, во зделка со која вредноста на „Лејкерс“ се проценува на дури 12,5 милијарди долари. Сепак, Данкан предупреди дека не е сигурно оти судската одлука од 2017 година ѝ дава право на Џини Бас да ја блокира продажбата. „Формулацијата на таа одлука воопшто не се однесува на продажба. Во неа само се вели дека Џини треба да биде гувернер“, рече тој. Првото рочиште во тековниот судски спор беше закажано за 5 ноември, но беше преместено за 8 декември.Тагови: ЛА Лејкерс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлукиТемата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа. „Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. „Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева. Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки. „Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева. Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија. „Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЕвропаЗа полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евраДизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 годиниЦените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години. Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр. Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи. Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци.. ... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook