Марјановиќ: Пациентките со рак на дојка се соочуваат со повеќе проблеми, пари за терапија има ама треба да се менува начинот на набавка - Канал 5

Марјановиќ: Пациентките со рак на дојка се соочуваат со повеќе проблеми, пари за терапија има ама треба да се менува начинот на набавка

 Здружението Хемаонко денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. 

Марјановиќ: Пациентките со рак на дојка се соочуваат со повеќе проблеми, пари за терапија има ама треба да се менува начинот на набавка

Ана Марјановиќ, од Здружението Хемаонко во изјава за медиумите истакна дека годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1200 пациентки со рак на дојка, и дека пациентките се соочуваат со низа проблеми почнувајќи од непроменети протоколи, немањето тумор бордови, периоди кога нема терапија, немање национална скрининг програма за детектирање на нулта и прв стадиум на рак и друго.

- Се собравме пред Клиниката за онкологија за да го започнеме Розовиот октомври, којшто ние онколошките пациенти не го сакаме бидејќи имаме чувство дека сите се сеќаваат на пациентите со рак само во овој месец. Ние сме тука само да изразиме поддршка на пациентите кои се соочуваат со оваа болест преку еден симболичен појадок со Хемаонко, да се подружиме, да поразговараме со нив и што за пациентите е најважно да им кажеме дека не се сами во оваа борба, рече Марјановиќ.

Она кое што е најпоразително за онколошките пациенти во Македонија, како што кажа таа, е што тие се соочуваат со навистина голем број на проблеми коишто од година на година како да растат, иако делумно се менуваат работите. Здружението направило анкета, која според Марјановиќ е поразителна и во која се вклучиле 200 дијагностицирани пациенти.

-Она што е во прво време поразително е дека поголем дел, околу 60 проценти од пациентите за првичната дијагноза односно биопсија одат на приватно. Што е уште попоразително е дека околу 80 проценти од овие новодијагностицирани пациенти наместо на Клиниката за онкологија по дијагнозата се упатуваат на хирургија. Тоа е така бидејќи во оваа држава протоколите не се променети и не функционираат онака како што треба и што е уште позначајно тумур бордовите не функционираат. Ние како Здружение навистина работиме на тоа да се подобри во иднина. Овие 80 отсто од пациентите е најзначајно да дојдат на Клиниката за онкологија. Во соработка со онкологот, хирургот, патологија да се направи најдобриот третман за тој пациент и како тоа лекување треба да се продолжи понатаму, рече Марјановиќ.

Како приоритет за Хемаонко, нагласи таа, е да профункционираат овие туморбордови од наредната година, а исто така се подготвува и брошура која треба да им помогне на новодијагностицираните пациенти да се снаоѓаат подобро.

-Меѓутоа, што е уште позначајно од се ова е дека ние национална скрининг програма која што ќе ги детектира нулта стадиум, прв стадиум ние се уште немаме. Исто така во моментов и на тоа се работи и се надеваме дека пред истекот на годината ние веќе ќе имаме добра стратегија за скрининг програма која што ќе се следи со години, бидејќи доколку немате скрининг програма која што ќе даде резултати 5 до 10 години, апсолутно е како да немате скрининг програма. Во оваа скрининг програма е најзначајно е да се вклучени сите пациенти од 40 до 69-годишна возраст, а ние работиме на некој начин бидејќи имаме премногу млади пациенти дијагностицирани на кој начин можеме да ги интегрираме и овие пациенти кои се под 40 години, рече Марјановиќ.

Еден од главните проблеми на Клиниката за онкологија, како што кажа таа, се периодите кога нема терапија. Пари има, додава Марјановиќ, но треба да се менува начинот како се набавува терапијата.

-На клиниката за онкологија еден од главните проблеми е, иако оваа година добивме за 65 проценти поголем буџет, што воопшто не е за занемарување и нешто за што сме благодарни. Но, со што се соочивме оваа година, и покрај поголемиот буџет на Клиниката во изминатите шест месеци се појавуваат гапови кои што се две недели, една недела, три недели за одредени терапии, што значи дека не се само парите проблем. Парите ги има меѓутоа, габаритните тендерски процедури, некоординираноста административна на системот и немањето механизми кои ќе ги регулираат и добавувачите, ние сме оставени со дупки од неколку недели. А, како што веќе зборувавме, зошто да имаме вакви дупки кога веќе ги имаме средствата. Сметаме дека најнапред треба да се промени набавката на лекови, дека можеби треба да се размислува и за набавка на државно ниво, да не биде тоа месечно за неколку години, да биде централизирана за да се избегне ова, рече таа.

Како втор проблем којшто исто така треба да се потенцира, според Марјановиќ, е дека овие лекови кои фалат и кои се кажуваат во јавноста, треба да бидат ставени на „Б“ позитивната листа односно на болничката листа. Здружението, пак, да може да работи на поновите терапии - петта генерација, кои се за метастатски канцери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“.

Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков.

Претставникот на Трамп разговараше со Путин

Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“.

За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков.

Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков.

Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%

Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.

СЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%

СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто.

Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста.

Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот.

Што им советува СЗО на бремените жени?

Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, ​​се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“.

Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување.

Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени.

„Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер