3ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
КошаркаМарјан Лазовски стручен координатор на Кошаркарскиот клуб „Феникс 2010“Марјан Лазовски, некогашниот селектор на најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија, ќе биде стручен координатор во КК „Феникс 2010“ од Скопје.Лазовски кој ја предводеше најдобрата македонска селекција во квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012 година, ја прифати улогата на стручен координатор во младинската школа на КК „Феникс 2010“, во која своето богато тренерско искуство и знаење ќе им го пренесува на младите кошаркари, но и на тренеркиот кадар во клубот. - Веќе подолг период имаме соработка со Лазовски. Тој е искусен тренер кој знае како да го извлече максимумот од секое дете. Впрочем, ако се присетите тој како тренер прв им даде вистинска шанса на браќата Стојановски кои сега се лидери на сениорската репрезентација. Но, од него и ние тренерите имаме многу што да научиме, па затоа решив нашата соработка да ја официјализираме, изјави Денис Дервишевиќ, тренер и сопственик на КК „Феникс 2010“. Лазовски кој веќе има подготвено програма за работа на селекциите, покрај индивидуелните тренинзи со играчите, ќе го пренесува и знаењето на тренерите ангажирани во селекциите, но и школите на овој скопски клуб, кој повеќе години наназад е во самиот врв на младинската кошарка со бројни освоени трофеи државен првак, но и забележителни настапи на меѓународната сцена. Впрочем, токму настапите во Европската младинска лига (European youth basketball league - EYBL), каде КК „Феникс 2010“ е претставник на Македонија, е само една од причините за ангажманот на Лазовски. - Во КК „Феникс 2010“ видов потенцијал, не само меѓу децата кои се членови на оваа екипа, туку и во тренерскиот кадар, а особено ме импресионира што клубот сака и се натпреварува на меѓународната сцена. Тоа е многу важно за секоја екипа. Само со настапи на меѓународна сцена, можеме да увидиме до каде напредува или во што заостануваат нашите потенцијални идни кошаркари во однос на нивните врсници од Европа. Еве, за пример земете го последниот настап на генерацијата 2003-та која во своето деби во EYBL, со четирите победи во исто толку одиграни натпревари покажаа дека се на вистнски пат. Сега, наша цел и задача е тоа да го надградиме и да одиме уште подалеку, и не само со нив, туку и со останатите селекции. Ќе биде напорно, ќе има многу откажувања од се останато, но само така ние заедно со децата ќе можеме да изградиме идни македонски репрезентативци, изјави Лазовски. Марјан Лазовски кој во својата тренерска кариера ги предводеше прволигашките екипи на: Вардар, МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички, во два наврата го освои и Купот на Македонија, а зад себе има и богато искуство со репрезентацијата на Македонија, со која беше дел од две Европски првенства (2009 и 2011). Неговото искуство ќе биде од непроценлива вредност за напредок и развој на идните кошаркарски генерации, пред се од екипата на КК „Феникс 2010“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и КатлановоСпоред најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации. Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови. Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“. Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени08:59МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделкаСДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција. СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка. Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија. Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка. Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче. Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook