Марјан Илиевски: „Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот“ - Канал 5

Марјан Илиевски: „Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот“

„Задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа“- вели селекторот на најдобрата кошаркарска селекција на Македонија, Марјан Илиевски. 

Марјан Илиевски: „Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот“

Селекторот Марјан Илиевски со мини-анализа на сработеното во изминатите денови, вклучително и оние две успешно реализирани „контроли“ против репрезентацијата на Швајцарија.

„Јас секогаш ќе се согласам и ќе кажам дека без разлика колку поени сме дале, треба што помалку да примиме. Тоа што ме радува е енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата. Во однос на загубените топки бевме подобри од првиот меч.

Дел од играчите се жалеа на болка, и затоа не беа во конкуренција. Забелешката која ја имаат некои се кошевите кои се постигнати помалку, а имавме кошаркари кои се на 20. годишна возраст кои треба да ги поддржиме.

Нормално е да има пад на играта кога ќе бидат на теренот. На двата меча почнавме со различни петорки, но веќе имаме визија кој и колку може. Меѓутоа, многу кратко сме заедно за да фаворизирам некои пет играчи.

Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот. Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа“ – вели селекторот по одработеното во Гевгелија, односно Негорски бањи.

Овие денови кои се пред нас, почнувајќи вечерва (од 18.часот), во „Кале“ ќе бидат посветени на анализирање на првиот противник во претквалификациите – Романија.

„Романија сè уште не сме ја анализирале, зашто не знаеме кој е нивниот странски играч, иако веќе знаеме кој е носител на нивната игра, па тоа ќе го видиме во следните денови“ - дополнува Илиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите

Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари.

Манасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите

На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени.

СДС важи за партија којашто низ историјата на независна Македонија, водела исклучиво погубни политики во делот на евроинтегративниот процес на државата.

Од промена на знаме, име, Устав, до денес барањата на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањето

Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил.

Секси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањето

Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето.

Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил.

Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус.

Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека.

Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ирина Шајк зрачи со сексипил

Познатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно ги излуди сите на социјалните мрежи. 

Фото: Ирина Шајк зрачи со сексипил

Како да не беше доволно нејзиното претходно појавување на Мет Гала кога се појави речиси гола и ви го одзеде здивот.

Овој пат, убавата Русинка објави серија фотографии од разни настани, меѓу кои се издвои онаа на која Ирина позира во едноставно бикини.

Сè почесто кога ја гледаме во вакви публикации, имаме и можност да се увериме дека моделот обожава едноставност.

А сега се одлучи за „обично“ бикини, но доволно мало и провокативно за повторно сите да зборуваат за нејзиното тело, наместо за моделот.

„Кралица“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Гориш“, „Толку едноставна и единствена“, „Сјаеш, жено“, беа само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер