Марјан Ѓорчев и Љубомир Гајдов во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Љубомир Гајдов и Марјан Ѓорчев.

Притисок или загриженост. Со шатори и греалки ДУИ организира стража пред Уставен. Историски чекор за заштита на албанскиот јазик како што велат интегративците или страв од расчистување на историски криминал, како што тврди власта?

Масовно се крши законот за употребна на знамињата на заедниците? Дали конечно некој ќе реагира?

Хронологија на настаните. Зошто Македонија толку многу пати во историјата го менуваше уставот?

Можен ли е договор со одблокирање на европските интеграции пред локалните избори догодина? Што можеме да очекуваме на политичката сцена во новата 2025-та година?

Вечерва веднаш по централните вести, Александар Видиновски со Љубомир Гајдов и Марјан Ѓорчев.

Со забраната, американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари

 За жителите на САД денеска стапи во сила забраната на „Тик-ток“, што претставува проблем за „инфлуенсерите“ кои практично ја изградиле својата кариера на оваа платформа, заработувајќи илјадници и милиони долари. 

Меѓу најпопуларните американски „тиктокерки“ се сестрите Чарли и Дикси Д'Амелио, па нивниот татко Марк го осуди затворањето на оваа профитабилна платформа, како потег на американската Влада.

- Толку е не-американско нашата Влада да забрани нешто што беше суштински дел од животот на просечниот американски граѓанин - да има платформа за слободно изразување и заштита на нашите права според Првиот амандман, рече Марк за „Тајмс“. - Ние сме на „Тик-ток“ речиси пет години, а почнавме кога тоа сè уште беше во своите рани фази, па така успеавме да ги искористиме сите позитивни работи што ги добивме од него на други платформи.

Тој истакнува дека ова ќе биде голем удар за многу нови луѓе во оваа област, и може да го изгубат својот бизнис и голем број постојни и идни следачи.

- Ние сме благословени и среќни што имавме можност да бидеме поврзани пет години на „Тик-ток“. Повеќе сум загрижен за луѓето кои се нови и ја користеле оваа платформа за да ги развијат своите мали бизниси, јас сум загрижен и за малите креатори чиј приход зависи од „Тик-ток“, додаде тој.

- Ако Владата сака да нѐ заштити, дали ќе нѐ штитат и од другите платформи коишто можат да ни сервираат информации? Тогаш, треба да се забранат сите социјални мрежи, а не само „Тик-ток“, заклучи тој.

Инаку, според „Форбс“ Чарли Д'Амелио, која важи за „најследената“ Американка на „Тик-ток“ - со 156 милиони фанови, заработила дури 4 милиони долари само од 2019. до 2020 година. Лани, таа беше четврта на листата на „Форбс“ за најдобри креатори (и прва меѓу жените-креаторки на листата), со вкупна заработка од 23,5 милиони долари.

За потсетување, кинески „Тик-ток“ денеска е укинат за корисниците во САД. Популарната социјална мрежа се потпира на поддршката на Доналд Трамп, кој може да ја врати и да ја одржи легална во САД. Иако новиот претседател на САД претходно ја поддржа забраната на, неговиот став сега е поумерен. Трамп рече дека „Тик-ток“ игра важна улога во обраќањето до помладите луѓе и изрази надеж дека апликацијата ќе остане достапна.

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство.

Ракометрите на стартот на главната мундијалска фаза утре од 15-30 против Австрија

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.

Пред македонските ракометари се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, два дена подоцна во истиот термин во Арената Вараждин ќе ги одмерите силите со селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.

Во трите средби од групата Д македонските ракометри покажаа дека може рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот вврв. Посакуваме во истор светло да ги одиграат и дуелите во главната фаза.

Македонскиот тим предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски е подготвен за нови успеси.

притисни ентер