Маринакис: За помалку од една седмица 472 шумски пожари во Грција - Канал 5

Маринакис: За помалку од една седмица 472 шумски пожари во Грција

Минатата седмица цивилната заштита и противпожарната служба се соочија со стотици пожари низ целата земја, иако сме на средина на пролетта. 

Маринакис: За помалку од една седмица 472 шумски пожари во Грција

Јасно е дека климатската криза е тука и сезоната на пожари што претстои ќе биде многу тешка, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, посочувајќи дека од понеделникот до неделата избувнале 472 шумски пожари и биле уапсени 24 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Владиниот портпарол посочи дека оваа година надлежните имаат на располагање дополнителни алатки, ресурси и протоколи за соработка во справувањето со шумските пожари.

Истакна дека се создаваат зони за заштита од пожари во најчувствителните шумски подрачја, се расчистуваат патеките и патиштата во шумите, а со измените што Владата ги направи во Кривичниот законик, построги се казните за потпалувачите.

-Подметнување пожар што доведува до губење на живот е казниво со доживотен затвор, а подметнување пожар во шуми, доколку доведе до еколошка катастрофа, сега е кривично дело и казната е до 20 години затвор и парична казна од 200.000 евра, истакна Маринакис.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вчерашниот неделен преглед на настаните објавен на „Фејсбук“ се осврна и на пожарите, истакнувајќи дека оваа година вработени се уште 700 шумски пожарникари и зголемен е бројот од шест на 16 на воздушните единици. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството.

Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје.

Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста.

Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија.

Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните.

Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска.

Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии.

Значи, граѓаните платија. И тоа - многу платија.

Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика.

Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано.

Пензиите - 16 пати.

Економијата - трета во Европа.

Туризмот - први.

Авиосообраќајот - лидери.

Платите - најбрз раст.

Концертот - 200.000 славиле.

Сметката - нула.

Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса.

Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија.

Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката.

Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.

До кога, арамијо?

Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија.

Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата - лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 07.09.2026 до 11.09.2026 зема 174 примероци за физичко-хемиска и 174 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер