Маринакис: За мигрантските бранови на југот од Грција клучна е соработката со Египет - Канал 5

Маринакис: За мигрантските бранови на југот од Грција клучна е соработката со Египет

Во изминатиот период беа регистрирани низа случаи на чамци со мигранти на малиот остров Гавдос што е и најјужната точка на Грција, но и Европа.

Маринакис: За мигрантските бранови на југот од Грција клучна е соработката со Египет

Мигрантските бранови во јужниот дел на Грција не се од големи размери, но ситуацијата се следи и ќе направиме сè што е потребно за да ги заштитиме границите на земјата, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на бегалците и мигрантите на островот Гавдос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период беа регистрирани низа случаи на чамци со мигранти на малиот остров Гавдос што е и најјужната точка на Грција, но и Европа.

За мигрантското прашање, Маринакис објасни дека брановите кај Еврос на копнената граница со Турција се сведени на нула и драстично се намалени во источниот дел на Егејското море.

- Во овој момент нашето внимание повеќе е насочено кон јужниот дел на земјата, каде што се забележува мал бран и не е нешто што во овој момент е од големи размери. Клуч за ова, очигледно е Египет и нашата соработката со Египет и затоа е многу важна посетата на Мицотакис таму, рече Маринакис.

Грчкиот премиер, в недела заедно со претседателката на Европската комисија, премиерката на Италија и премиерот на Белгија ќе бидат во Каиро, каде што ќе се сретнат со претседателот на Египет.

Портпаролот на грчката Влада рече дека „посетата ја симболизира важната и клучна улога на Египет во регионот во услови на многубројни предизвици, како и стратешкото значење на Египет за Европската унија“.

-Грција одржува одлични односи со Каиро, со кој дели заедничка перцепција за поширокиот регион на Медитеранот и изнаоѓање решенија за стабилност и мир во регионот. Кирјакос Мицотакис веќе подолго ја истакнува важноста на стратешкото партнерство меѓу Европската унија и Египет, а беше првиот европски лидер кој ја истакна важноста на Египет за Европската унија и за стабилноста во регионот, неколку дена по терористичките напади на Хамас против Израел, рече Маринакис.

За време на посетата на Каиро планирано е Мицотакис да одржи билатерална средба со египетскиот претседател Сиси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Пет недели жителите на Гостивар се без чиста вода - резултати од анализите се уште нема

Пет недели жителите на Гостивар се без чиста вода - резултати од анализите се уште нема.

Борозан: Пет недели жителите на Гостивар се без чиста вода - резултати од анализите се уште нема

Поминаа пет недели - граѓаните на Гостивар се уште немаат чиста вода.

Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации.

Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе.

Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал.

И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е експерт за хиперхлокирање а Клековски никаде го нема, во Гостивар има нови случаи на затруени граѓани, и реинфицирани.

Тоа значи дека опасноста не е помината.

Во среде лето, во 21 век – без вода е цел еден град. 5.000 граѓани имаат здравствени последици од загадената вода.

Цел еден град е затруен поради неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со оваа здравствена криза.

Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот.

Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор.

Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки.

И ова не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна.

Секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е затруена.

Цела држава е отруена.

Вчера надлежните потврдија дека загадена е и водата за пиење во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа.

Затруени се реките Тополка и Бабуна. Бела хемиска материја имаше во реките Лепенец и Вардар.

Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите.

Зошто?

Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат.

Се работи за нивното здравје, за основното право на чиста вода за пиење.

СДСМ ја повикува власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите.

Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар – илјадници луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.

Не треба да се чека. Направете ги анализите и објавете ги резултатите.

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор

Денеска, во Владата на Република Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор

Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата.

Говорејќи за значењето на јубилејот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор е момент за потсетување на минатото, но и за размислување за одговорноста на институциите кон иднината на земјата.

Според министерот Сали, Охридскиот рамковен договор беше инструментот што го стави крај на конфликтот од 2001 година и воспостави нов пристап во организацијата и функционирањето на државата, засновајќи ја стабилноста врз партнерството меѓу заедниците, граѓанската еднаквост и правичната застапеност.

„Демократијата не се мери само преку слободни избори, туку и преку способноста на институциите да гарантираат инклузивност, правична застапеност, дијалог и доверба меѓу граѓаните“, истакна министерот Сали.

Првиот заменик-претседател на Владата нагласи дека Охридскиот рамковен договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како жив механизам на уставниот поредок и како политичка насока за институциите на земјата. Во таа насока, тој ја спомена и иницијативата на Владата за Законот за правична и соодветна застапеност, предложен за усвојување во Собранието.

Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека искуството од изминатите 25 години покажало дека стабилноста се гради преку дијалог, комуникација, компромис и почитување на договорите.

„Дијалогот не треба да се гледа како компромис со принципите. Дијалогот е најдемократскиот начин за заштита на принципите“, истакна Сали, нагласувајќи ја важноста од продолжување на соработката и партнерството меѓу заедниците.

Во своето обраќање, тој посочи дека зачувувањето на меѓуетничкото партнерство е стратешки интерес на Република Македонија. Според министерот Сали, една мултиетничка држава може да биде успешна само кога секоја заедница се чувствува како рамноправен дел од институциите и како заеднички одговорна за иднината на земјата.

Во овој контекст, Првиот заменик-претседател на Владата го поврза духот на Охридскиот рамковен договор и со процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека европскиот принцип „Обединети во различностите“ се совпаѓа со филозофијата на договорот, кој мирот го изгради врз прифаќањето и почитувањето на различностите.

На крајот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека задачата на денешната генерација не е само да го зачува Охридскиот рамковен договор како историско достигнување, туку и да го надградува преку поефикасни институции, зајакнување на довербата меѓу заедниците и изградба на држава со високи европски стандарди.

„Нека биде овој јубилеј не само потсетување на она што го постигнавме, туку и заложба за она што треба да го изградиме“, заклучи министерот Сали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев оствари средба со координаторот на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија

Градоначалникот Митко Јанчев, денеска оствари прва официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.

Градоначалникот Јанчев оствари средба со координаторот на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на соработката и реализација на заеднички иницијативи, со посебен акцент на младите, развојот на младинските центри и креирањето нови можности за нивно активно учество во општеството. Во фокусот беа и проектите кои имаат за цел да ги поттикнат младите на личен и професионален развој, да создадат простор за нивните идеи и иницијативи и да придонесат кон градење на современа и инклузивна локална заедница.

Ова претставува важен чекор кон идно заедничко дејствување и отворање нови можности за реализација на проекти кои ќе имаат конкретен придонес за младите, за целата заедница и е само почеток на една нова соработка со јасна визија – повеќе можности за младите, нови идеи и проекти и заедничка работа за подобра иднина на Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер