Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
1Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КошаркаМарин Петков: „Верувам дека ќе изгледаме добро, и дека ќе го победиме Луксембург“Марин Петков беше дел до националниот тим во оние претквалификации за Светскиот куп 2027 година. Се најде на списокот на сега веќе поранешниот селектор Марјан Илиевски.Но повредата (на слабините) не му дозволи да влезе во финалните „12“ кои го одиграа тој репрезентативен циклус. А откако ги остави проблемите зад себе, и заигра одлично во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, младиот бек одново е во сениорскиот национален тим, каде деновиве ги одработува тренинзите пред почетокот на февруарскиот ФИБА „прозорец“ во кој Македонија ќе одигра два натпревари кои се дел од програмата од групата „А“, од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Првиот, во петок навечер (од 18.часот), против селекцијата на Луксембург, во комплетно реновираната сала во „Градски парк“ во Скопје. Младиот репрезентативец делува оптимистички пред она што седува во наредниот период: „Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, Така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат“. Вели дека полека „се навикнуваат“ на барањата на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници. „Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбрана, и планови за играта во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би и одговарал шпаанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји. заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И секако, одиме на победа“ – верува Петков во успехот на нашата селекција.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград Рекордни околу 4,5 милиони граѓани или 70% од запишаните во избирачките список, излегоа на гласање на денешните вонредни парламенатрни избори во Србија.. Гласачките места се затворија во 20 часот и во тек е броењето на гласови.. Првичните резултати се очекуваат околу 22 часот... Во меѓувреме во центарот на Белград полицијата распореди големи полициски сили со околпни возила за разбивање на демонтрации... Таму е Михаило Донев.. Михаило, има ли некакави навестувања дека Белград го очекјува немирна ноќ, или тоа е само превентивна полициска активност? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter