Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата - Канал 5

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Елиминирана сум од претседателската трка, но ќе продолжам да се борам – ова е првата реакција на доскорешната лидерка на крајно десничарската „Национален Собир“ Марин Ле Пен по одлуката на судот во Париз.

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Елиминирана сум од претседателската трка, но ќе продолжам да се борам – ова е првата реакција на доскорешната лидерка на крајно десничарската „Национален Собир“ Марин Ле Пен по одлуката на судот во Париз кој ја прогласи за виновна за проневера на европски средства. Иако се уште не се јасни сите последици од пресудата, сепак на Ле Пен и е забрането да се кандидира на претседателските избори за две години од сега. Ле Пен која високо котира на анкетите во Франција, одлуката на судот ја нарече политички мотивирана и најави дека ќе ги следи сите правни патишта за таа да биде преиначена.

-Ќе поднесам жалба бидејќи сум невина господине Було. Секако, сите сме невини. / Не мислев дека судиите ќе одат толку далеку против нашите демократски процеси и дека ќе се мешаат на овој начин во изборот на францускиот народ. Бидејќи, да бидеме јасни, јас сум елиминирана, но во реалноста тоа се милионите француски граѓани чии гласови се елиминирани во моментот додека зборуваме--Марин Ле Пен.

Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски пари поради фиктивно вработување на четири партиски помошнци во Европскиот Парламент. Покрај забраната за кандидирање на јавна функција во период од 5 години која стапува на сила веднаш, таа доби парична казна и казна затвор од 4 години, од кои 2 условни. Одлуката на судот очекувано, предизвика поделени реакции во самата Франција.

-Јас сум изненадена, јас сум многу изненадена.

-Ова е неправда, ова е многу калкулирано. -

-Има некои (политичари) кои направиле многу полоши работи, а не се казнети.

- Ако го плати тоа што го должи на судовите, ја подмири сметката со правдата, не гледам зошто не би можела да се кандидира.

Пресудата на судот предизвика бурни реакции, особено кај лидерите на десницата во Европа. Осуда пристигна од Виктор Орбан, Џорџа Мелони, и лидерот на екстремната десница во Холандија Геерт Вилдерс, а реакција стигна дури и од Кремљ. Ситуацијата во Франција со големо внимание се следи и во САД, а американскиот претседател Доналд Трамп судскиот процес го спореди со тие кои се водеа против него, пред да се врати на функцијата.

-Тоа е голема работа, тоа е многу голема работа. Знам се во врска со тоа и многу луѓе мислеа дека таа нема да биде осудена за ништо и не знам. Тоа значи осудување, но и беше забрането да се кандидира 5 години, а таа беше водечки кандидат. Тоа звучи како оваа земја, тоа звучи многу како оваа земја,--Доналд Трамп.

Доколку жалбата на Ле Пен не вроди со плод, извесно е дека на нејзино место на претседателските избори во 2027 година ќе се кандидра 29 годишниот Жордан Бардела, кој таа го назначи за нејзин наследник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер