МакедонијаМарин Ле Пен го повика премиерот Лекорни да „се откаже од макронизмот“„Го молам Себастијан Лекорни да престане со макронизмот... Не можеме бесконечно да владееме без народот или против него“, изјави Ле Пен на францускиот телевизиски канал TF1.Лидерката на парламентарната група на десничарската партија Национален собир (РН) во францускиот Парламент, Марин Ле Пен, синоќа го повика новоназначениот француски премиер Себастијан Лекорни да „се откаже од макронизмот“ затоа што, како што тврди, сегашниот режим не ги задоволува потребите на народот. „Го молам Себастијан Лекорни да престане со макронизмот... Не можеме бесконечно да владееме без народот или против него“, изјави таа на францускиот телевизиски канал TF1. Ле Пен оцени дека францускиот претседател Емануел Макрон има можност да го распушти парламентот, а ако не сака да го стори тоа, „има друга можност дадена од Уставот: да поднесе оставка“. „Тоа значи враќање кај народот. Тоа е духот на Петтата Република. Не барам негова оставка. Само велам дека тој има два начина да излезе од кризата: или да го распушти Националното собрание или да поднесе оставка“, рече таа. Ле Пен ги отфрли критиките дека нејзината партија придонесува за политичка нестабилност, тврдејќи дека луѓето се уморни од „стабилноста што им е наметната, а која не ја сакаат“. „Французите сакаат правда и ефикасност. Не е нестабилноста она што ги загрижува Французите. Она што ги загрижува е стабилноста на политиките што повеќе не ги сакаат, а кои им се наметнати“, рече Ле Пен.Тагови: Лекорни Марин Ле Пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе помина интерпелацијата за министерот Панче ТошковскиСо 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти... Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook