Шоу бизМарија Шерифовиќ го откажа концертот во Загреб: Наредните денови да ги минеме во тишинаПоради трагедијата што утрово се случи во белградското основно училиште, целиот регион е во жалост.Ученик влегол вооружен во училиште и почнал да пука. Еден чувар и осум деца загинаа, а многумина се ранети. По масакрот, српската влада прогласи тридневна жалост која започнува на 5 мај. Пејачката Марија Шерифовиќ требаше да настапи во сабота на 6 мај во Аквапаркот во Велика, Хрватска. По оваа трагедија таа го откажа концертот и се огласи на Инстаграм. „Драги пријатели, длабоко сум трогната од трагедијата што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“. Решив да го откажам концертот што требаше да се одржи викендов во Аквапаркот. Мислам дека следните неколку дена треба да ги поминеме во тишина и молејќи се за жртвите“, напиша Марија. Наскоро ќе биде објавен и новиот датум на концертот во Велика. „Моето најискрено сочувство и солидарност во болката за семејствата на загинатите деца и училишните работници“, додаде таа. Да потсетиме, и хрватската пејачка Северина Вучковиќ го откажа концертот што планираше да го одржи деновиве во Белград. „Кога ќе се случи неопислива трагедија, кога возрасните остануваат без зборови, кога владее тажна тишина, песната мора да престане и сите ние да им оддадеме почит на невините жртви. Единственото соодветно нешто во овој момент е да се одложи секој концерт, вклучително и мојот, што требаше да се одржи во хотелот The Babe во Белград. Искрено сочувство до сите што изгубија некого денес“, напиша Северина во објавата на Инстаграм.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook