ЖивотМарија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година (Видео)Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.„Таа ја добива Нобеловата награда за мир за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за праведна и мирна транзиција од диктатура кон демократија“, се наведува во соопштението на Комитетот. BREAKING NEWS The Norwegian Nobel Committee has decided to award the 2025 #NobelPeacePrize to Maria Corina Machado for her tireless work promoting democratic rights for the people of Venezuela and for her struggle to achieve a just and peaceful transition from dictatorship to… pic.twitter.com/Zgth8KNJk9 — The Nobel Prize (@NobelPrize) October 10, 2025 „Наградата за 2025 година оди кај храбар и посветен борец за мир, кај жена што го одржува пламенот на демократијата во време на растечка темнина“, додаде Комитетот во образложението. Можеби ќе ве интересира: Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“ Во него се истакнува и дека „како лидерка на Демократските сили во Венецуела, Марија Корина Мачадо претставува еден од највпечатливите примери на граѓанска храброст во Латинска Америка“. 🚨 BREAKING The Nobel Peace Prize for 2025 goes to a woman who represents the opposite of the election denying Donald J Trump, but someone who has fought for free and fair elections against authoritarianism. Congratulations Maria Corina Machado, Venezuela. #NobelPeacePrize pic.twitter.com/fSERu3Wb9R — 🪴Laurie (@Laurieluvsmolly) October 10, 2025 „Во последно време, госпоѓа Мачадо стана клучна обединувачка фигура во некогаш длабоко поделена политичка опозиција – опозиција што најде заедничка основа во барањето за слободни избори и претставничка власт“, се наведува во соопштението на Нобеловиот комитет. Тагови: Нобелова награда Марија Корина Мачадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПринцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли МеилБритански Принцот Хари, војводата од Сасекс и други истакнати јавни личности ја загубија тужбата против „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли Меил“, во Високиот суд во Лондон во вторник, спорот беше за наводно нелегално собирање информации.Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста. Елтон Џон, исто така, поднесе тужба Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он Сандеј“ од 1990-тите до 2011 година се засновани на информации добиени нелегално. „Асошиејтед њузпејперс“ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги клеветнички, а Високиот суд во Лондон ги отфрли тврдењата во целост. Компанијата ја опиша пресудата како „убедлива победа“ за „Дејли Меил“ и неговите новинари. Извор: Индекс.хрТагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветПо нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од ИзраелИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец. Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец. Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЕвропаФранцуски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алкаАпелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.Тагови: ле пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter