СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат
2СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
ЖивотМарија Кири одново ги разгоре страстите во Полска Наследството на Марија Кири одново се разгоре страстите во Полска и тоа овој пат поврзано со новиот изглед на банкнотата од 20 евра. Според најавите, како еден од „симболите на европската култура“ ликот на Марија Кири треба да се најде на новата банкнота од 20 евра. Одлуката за изгледот на банкнотата се очекува да ја донесе Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) кон крајот на 2026 година, а таа би била пуштена во промет неколку години подоцна. Сепак, полските власти уште од сега извршија притисок врз ЕЦБ на банкнотата со ликот на познатата научничка и добитничка на две Нобелови награди, покрај Кири да биде впишано и нејзиното моминско презиме Склодовска. Првата жена нобеловка е родена во Варшава во 1967 година како Марија Склодовска. По венчавката со нејзиниот сопруг Пјер во 1895 година, таа го зема неговото презиме Кири и оттогаш во научната јавноста станува позната како Мари Кири. Но, откако во 1911 година ја добива својата втора Нобелова награда за хемија, по првата во 1903 година за физика, таа решава да почне да го користи и своето моминско презиме, потпишувајќи се како Склодовска-Кири. Ваквиот чин е оценуван како феминистичка, но и националистичка порака во време кога Полска се уште не постои како независна држава, а нејзината територија е поделена меѓу соседите – Австро-Унгарија, Германија и Русија. Кога ЕЦБ пред неколку месеци соопшти дека во потесниот избор на теми и мотиви за новиот изглед на евро банкнотите е и „Мари Кири“, тоа предизвика реакција од страна на Полска со барање да биде користено нејзиното целосно име Марија Склодовска-Кири. Според европски дипломати, гувернерот на полската централна банка Адам Глапински испратил писмото со вакво барање до претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, а во притисокот за користење на нејзиното полско име и презиме се вклучиле и неколку европратеници и тоа не само од Полска. Полска не е членка на Еврозоната и не го користи еврото како валута, но сепак изврши сериозен притисок врз ЕЦБ, која на крајот го коригираше предлогот на својата веб страница, наведувајќи „Мари Кири (родена Склодовска)“. Портпарол на ЕЦБ изјави дека Банката се консултирала различни извори „за да го утврди најсоодветниот начин да се осврне“ на Кири. - Засега, ќе ја нарекуваме Мари Кири (родена Склодовска) со цел да го признаеме нејзиниот двоен идентитет, додаде портпаролот. Инаку, ова не прва реакција на Варшава на користењето на името на славната научничка на ниво на ЕУ. Под притисок на Полска, Европската комисија во 2014 година го смени името на својата програма за поддршка на истражувањето и иновациите во „Акции Мари Склодовска-Кири“. Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујатПаче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега? Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски. Нема официјален документ. Нема потпис. Никој не сака да преземе одговорност. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија. Повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - водата не е за употреба, ниту за капење. Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија. Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски. Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против: • Христијан Мицкоски • Сашо Клековски • Паче Тошковски За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter