Маричиќ: Да ги искористиме фондовите на ЕУ и можностите за Отворен Балкан

Да ги искористиме фондовите на ЕУ и можностите за Отворен Балкан за да ги подобриме врските и односите на граѓаните преку културата и уметноста.

Да ги искористиме фондовите на ЕУ и можностите за Отворениот балкански регион за да ги подобриме врските и односите на нашите граѓани преку културата и уметноста како наш придонес во културно богатата и диверзифицирана Европа, вклучително и славејќи го нашето културно наследство и она што е поважно за нашата иднина.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на отворањето на панелот „Отворен Балкан ја отвора културата" во рамки на Самитот Отворен Балкан што се одржува денеска во Охрид.

– Културата е област што опфаќа широк спектар елементи почнувајќи од традициите, обичајните верувања, заедничките вредности, наследството и уметноста во сите нејзини форми и области што го обликуваат идентитетот на една нација. Убавината на една култура е во тоа што таа постојано се развива и што секоја генерација придонесува за збогатување на културното наследство, рече Маричиќ.

Другата убавина на културата, додаде тој, е што таа не познава граници, таа е тема што ги обединува различните народи и ги зајакнува врските меѓу луѓето што е од клучно значење за надминување на сите разлики и подобро разбирање на нашите индивидуални карактеристики како нации.

– Наша обврска е да вложиме напори за зачувување на културното и во исто време да инвестираме во уметноста и креативноста на поединците како придонес кон развојот на културата, но и други области кои имаат директно или индиректно влијание врз култура како што се образованието и технолошкиот развој, истакна тој.

Маричиќ посочи дека оттука произлегуваат и обврските што ние како Влади ќе ги преземеме овде во Охрид во рамките на иницијативата Отворен Балкан „за промовирање на регионалната мобилност на уметници и експерти, за поддршка на регионалните политики за соработка во областа на уметноста и културата, преку размена на искуства, вмрежување и промоција на културата и уметноста на уметниците од Западен Балкан во меѓународен контекст, како и промовирањето на мобилноста на уметниците за интердисциплинарни соработки на полето на уметноста и културата со што се генерираат економски и социјални иновации кои се чекор напред во промовирањето на културната различност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебно разбирање во регионот.

– Во поширок контекст на нашата перспектива во ЕУ и идно членство, овој пристап е во согласност со Новата европска агенда за култура на ЕУ усвоена во 2018 година, што има за цел да го искористи целосниот потенцијал на културата за да помогне во изградба на поинклузивна и поправедна Унија, поддржувајќи ги иновациите, креативноста и одржливи работни места и раст, истакна тој.

Маричиќ оцени дека културната соработка е предмет на финансирање од Комисијата на многу скромен, но значаен начин.

– Имаше време, не толку долго во минатото, каде што единствениот начин за соработка, народ до народ, со Грција беше преку еден културен проект за финансирање на изучувањето на грчкиот јазик во Пелагонискиот регион. Исто така, секоја година фестивалот „Охридско лето" не потсетува дека зачувувањето на Античкиот театар со средства од ЕУ обезбедува домаќинство на многу културни настани на единствен локалитет. Да ја споменам реконструкцијата на Лешочкиот манастир и џамијата кои ги доведоа македонските граѓани во помирување, исто така и на санација на манастирскиот комплекс Старо Нагоричане преобразувајќи го во место за состаноци на луѓето од Северна Македонија и Србија. Ги спомнуваме овие примери како начин за инспирација за понатамошно дефинирање во можностите за финансирање на ЕУ и обид за елаборирање на проекти во областа на културата, кои понатаму би можеле да ги зближат нашите граѓани од регионот, рече Маричиќ.

Тој се осврна на можностите за финансирање во рамките на македонските прекугранични програми со Албанија и Србија.

– Во Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија за периодот 2021-2027 година има тематски приоритет како што се туризмот и културното и природното наследство и може да се финансираат за промовирање заеднички, одржлив пристап за подобрување и одржливо искористување на природното и културното наследство за развој на туризмот во програмската област, како и за подигање на свеста на населението и туристите/посетителите за богатството на природното и културното наследство како и потребата од негово заштита и одржливо искористување. Ова ќе биде финансирано со над шест милиони евра за седумодишниот период. Додека програмата за прекугранична соработка за 2021-2027 година меѓу Македонија и Србија е поддржана со околу четири милиони евра за истиот период, рече тој.

Маричиќ ја спомена и значајната поддршка од ЕУ за културата се обезбедува преку новата програма „Креативна Европа", и додаде дека буџетот наменет за новата програма на ниво на ЕУ изнесува 2,44 милијарди евра, а може, како што рече, да се инвестира во акции кои ја зајакнуваат културната различност и одговараат на потребите и предизвиците на културниот и креативниот сектор.

– Идната соработка во културата е веќе дефинирана во Договорот за соработка што денеска ќе го потпишт министерките за култура на трите земи и со овој договор и можностите за финансирање имаме солидна основа за приближување кон оваа заедничка цел, истакна Маричиќ на панелот „Отворен Балкан ја отвора културата".

Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер