Маричиќ: Целта е да имаме попис што ќе даде валидни статистички податоци

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5 вели дека подготовката на пописот се одвива врз основа на научените лекции од пописот во 2011.

Целта е да имаме попис кој ќе даде валидни статистички операции, вели министерот Маричиќ во интервју за Канал 5. Се што е вградено во законот ќе се вгради и во методологијата, вели министерот за правда и додава дека се што правиме е во рамките на Евростат и европските стандарди.

Тој потенцира дека пописот ќе го спроведуваат стручни лица од Заводот за статистика и дека сосема е валидно да се добие и бројка на иселени од државата.

Лицата кои се надвор од државата можат и самите да се регистрираат електронски, вели Маричиќ за деталите околу спроведувањето на пописот.

Податоците се вкрстуваат со осум бази на податоци, за лажни податоци ќе има одговорност, нагласи министерот за правда.

На прашањето за ставот на ВМРО -ДПМНЕ дека нема да го признае пописот , Маричиќ вели дека имало време за разумни предлози од опозицијата, неразумно е што го политизира пописот и дека пописот не се базира на било каков коалициски договор.

Попис ќе има и во други држави во 2021, Европската Комисија има препорака за одложување само на неколку месеци, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5.

Со него разговараше Елизабета Галевска.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер