Мари-Луиз Ета – прва жена тренер во Бундес лигата - Канал 5

Мари-Луиз Ета – прва жена тренер во Бундес лигата

Екипата на Унион Берлин член на Бундес лигата ја именуваше Мари-Луиз Ета за прв тренер и таа ќе биде првата жена во историјата на Бундес лигата која ќе работи како главен тренер. 

Мари-Луиз Ета – прва жена тренер во Бундес лигата

Управата на клубот донесе историска одлука, а главна цел е секако опстанок во елитниот ранг, но Унион Берлин во моментов не е сериозно загрозен и се наоѓа на 11.место со 32 бода. Сент Паули, екипа која е на 16.место (игра бараж) има 25 бодови. До крајот на Бундес лигата има уште пет кола.

Раководството на клубот го отпушти Штефан Баумгарт, по поразот од последнопласираниот Хајденхам.

Поранешната германска репрезентативка дебито ќе го има против Волфсбург. Таа веќе еднаш беше привремено прв тренер (во 2024 година) и токму во Волфсбург кога првиот тренер Ненад Бјелица беше суспендиран.

- Воодушевена сум што клубот има доверба и ми ја даде оваа задача, се надевам дека ќе успееме да стигнеме до посакуваните резултати, изјави Ета.

Таа како тренер почна да работи во 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Со средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. 

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер