Маргот Роби: Хефнер не знаеше ни како се викам, а сакаше да бидам гола на насловната на Плејбој - Канал 5

Маргот Роби: Хефнер не знаеше ни како се викам, а сакаше да бидам гола на насловната на Плејбој

Маргот Роби е едно од најголемите имиња во Холивуд денес, но кога била на почетокот на кариерата во Холивуд, ја одбила можноста да се појави во Плејбој, пренесува Lad Bible.

Маргот Роби: Хефнер не знаеше ни како се викам, а сакаше да бидам гола на насловната на Плејбој

Имено, таа се прослави со хит филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година, „Волкот од Волстрит“, во кој ја играше втората сопруга на контроверзниот берзански брокер Џордан Белфорт, кого го игра Леонардо ди Каприо.

Улогата содржела бројни сцени на секс или алузии на секс, вклучително и една прилично гола сцена, и рече дека сцените го привлекле вниманието на починатиот основач на Плејбој, Хју Хефнер. Иако не го знаел нејзиното име, знаел дека ја сака во своето списание.

- Девојката која ја игра сопругата на Џордан Белфорт во „Волкот од Волстрит“ е многу, многу убава – изјави Хефнер за US Weekly уште во 2013 година, додавајќи дека „треба да биде во Плејбој“.

- Испрати ѝ порака! Ние сме подготвени за неа. Би била супер – нагласил тој.

Роби за новозеландското радио The Edge изјавила дека „нејзиното семејство доволно страдало поради неа“.

Таа признала дека прифаќајќи ја улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ се плашела од сексуализираните сцени кои се овековечени на Интернет.

Меѓутоа, кога режисерот Скорсезе предложил да ги намали работите за нејзина удобност, таа донела храбра одлука да го одбие за да го зачува интегритетот на филмот.

- Целата поента на ликот на Наоми е дека нејзиното тело е единствената форма на валута на овој свет - тврди популарната актерка.

- Така, кога Скорсезе се обиде да ми помогне велејќи ми дека во сцената каде што го заведувам Џордан, евентуално би можела да носам наметка, реков дека нема - раскажала Роби и нагласила дека „Наоми мора да биде гола бидејќи става сè што има на масата“.

Размислувајќи за снимањето на незаборавната сцена на заведување во филмот, таа во едно интервју во 2018 година изјавила:

- Не можете да го видите кога го гледате филмот, но во реалноста ние сме во мала спална соба, набиени со 30 членови на екипата - откри таа.

- Сите мажи. И 17 часа се преправам дека се допирам. Тоа е многу чудно и непријатно и морате навистина длабоко да ги закопате незгодноста и апсурдноста и целосно да се посветите - заклучила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. 

Со дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија

Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО.

Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата.

Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР.

Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау.

Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени.

Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини

Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини

Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против, единствено кога тоа му оди во прилог нему.

Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, што е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот.

Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Филипче како за овој случај така и за останатите доколку има сомнеж за криминал да достави информации до јавното обвинителство.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

Претседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен.  

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции.

Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски.

Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа.

Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува.

Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна.

Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата.

Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес.

Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата.

Така не се доаѓа до решение.

Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш.

Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе.

СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок.

Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата.

Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер