Шоу бизМарго Роби со улогата на куклата Барби стана најплатената актерка, познат е износот Марго Роби е официјално најплатената актерка во Холивуд благодарение на нејзиниот хонорар за филмот за Барби на Грета Гервиг.Според Variety, на австралиската актерка ѝ биле платени 12,5 милиони долари за да глуми покрај Рајан Гослинг како Кен во овој долгоочекуван филм базиран на легендарната кукла со исто име. Така, најновата заработка на Роби го надмина нејзиниот претходен хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „Птици од молитва“ од 2020 година со Харли Квин. Гослинг, наводно, заработил иста плата како неговата колешка од Барби, па двајцата се изедначија на 16-то место на најновата листа на Variety за највисоки заработувачки во Холивуд. Според оваа листа, втората најплатена актерка е Мили Боби Браун која заработила хонорар од 10 милиони долари за главната улога во Енола Холмс 2. View this post on Instagram A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial) Првото место го држи Том Круз благодарение на неговиот нов хит Top Gun: Maverick. Круз, кој не само што е ѕвезда на ова продолжение на култниот филм, туку и негов продуцент, се очекува да заработи повеќе од 100 милиони долари од кино билети, неговата плата и од приходите од стриминг. По него следуваат Вил Смит, кој заработи 35 милиони долари за „Еманципација“ и Леонардо ди Каприо, кој заработи 30 милиони долари за „Убијците на цветната месечина“. Веста за хонорарот на Марго Роби доаѓа неколку дена по завршувањето на продукцијата на филмот „Барби“, за кој беа потребни четири месеци. Роби долго време е приврзана за улогата на Барби и ѝ најави на публиката дека филмот ќе биде многу поразличен од она што луѓето го очекуваат. „Луѓето веднаш имаат претпоставки. „О, Марго игра Барби, знам што е тоа. Но, нашата цел беше - што и да мислите, ќе ви дадеме нешто сосема друго; она што не сте знаеле дека го сакате.“, рече Роби. Барби, која е прва долгометражна адаптација на приказната за култната кукла, треба да пристигне во кината во јули 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter