Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
2Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ФудбалМареска демантира преселба во Манчестер ситиТренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги демантираше денеска информациите дека е потенцијален наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, посочувајќи дека станува збор за стопроцентна шпекулација.Мареска работеше во Манчестер Сити како помошник тренер и пристигна во Челзи во 2024 година. Во својата прва сезона во лондонскиот клуб го освои трофејот во Лигата на конференции, а потоа и титулата на Светското клупско првенство во јули, победувајќи го во финалето актуелниот европски првак ПСЖ. Спортскиот портал „Атлетик“ претходно оваа недела објави дека 45-годишниот италијански стратег е главен кандидат за наследник на Пеп Гвардиола во Сити, доколку Шпанецот одлучи да го напушти тимот од „Етихад“. „Воопшто не ме засега, бидејќи знам дека станува збор за 100% шпекулација. Во моментов не е време за тоа, особено затоа што имам договор тука до 2029 година, рече Мареска на прес-конференција пред дуелот против Њукасл овој викенд во Премиер лигата. „Многу пати сум го кажал тоа, целосно сум фокусиран на овој клуб и сум исклучително горд што сум тука. Тоа се шпекулации. Пред една недела во Италија бев поврзуван со Јувентус. Не обрнувам внимание на тоа бидејќи знам дека не е вистина. Сега е важно да се открие причината зошто се појави оваа вест. Но, тоа не е моја работа – не ме интересира“, рече Мареска. Тагови: Манчестер сити Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална групаВозачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.Сите земаат мито, дури и возачите на владата. Ова е ОКГ – Организирана криминална група. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена. Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон. Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани париВозачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е во притвор.Како што информира Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување. По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен. Се очекува официјална потврда и дополнителни детали за настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и ветровито време со температура до 37 степени Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските минимални температури се движат од 12 до 21 степен, а дневните максимални температури ќе достигнат од 28 до 37 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11