Мареј противник на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон - Канал 5

Мареј противник на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Енди Мареј (Велика Британија) се избори за своето второ финале по ред на Вимбдлон откако синоќа со 3:1 во сетови го победи Полјакот Јиржи Јанович. Негов противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ, кој со 3:2 во сетови го совлада Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина).

Мареј противник на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон
Јанович, како што јави МИА, поведе во полуфиналето против Мареј откако го доби првиот сет со 7:6 во тај брекот 7:2. Но, следните три сета му припаднаа на Британецот со 6:4; 6:4 и 6:3.

Лани во финалето Мареј загуби од Рожер Федерер, а на Олимписките игри во Лондон кои се играа на терените на Вимблдон во полуфиналето го победи Ѓоковиќ со 2:0 во сетови.

Ѓоковиќ има еден Грен слем пехар на Вимблдон освоен 2011 година.

Денеска на програмата е женското финале во кое ќе играат Марион Бартоли од Франција и Сабине Лисицки од Германија. Ова ќе биде нивни петти меѓусебен дуел, а Лисицки води со 3-1 во победи.

Два од четирите меча ги имаат одиграно на Вимблдон (другите два во Чарлстон), а по една победа имаат и двете тенисерки (2008 година победи Бартоли со 2:0 во сетови, а 2011 година Лисицки беше подобра со 2:1).

Почетокот на финалето е во 15 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер