Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
1Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
3Видео: Вистинска лудница на Мундијалот, Португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
ТенисМареј обезбеди финале во Париз и прво место на АТП ранг листата Британскиот тенисер Енди Мареј на најновата АТП листа што ќе биде објавена следната седмица ќе се искачи на првата позиција и ќе го симне од врвот Србинот Новак Ѓоковиќ. Мареј до својата голема цел стигна, откако денеска се пласира во финалето на Мастерсот во Париз и освои доволно бодови да се најде на тенискиот трон. Канаѓанецот Милош Раониќ без борба го предаде полуфиналето со Мареј, а во другиот полуфинален дуел американскиот тенисер Џон Иснер беше подобар од Марин Чилиќ со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Финалето во Париз е закажано за утре од 15 часот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаВицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарствоЕфикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста .„Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем“, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните активности што ги презеде Народната банка во изминатиот период со цел зајакнување на преносните механизми на монетарната политика, како и на новините во платниот систем, кој претставува клучен сегмент од современата финансиска инфраструктура. „Со измените во оперативната монетарна рамка, усвоени кон крајот на минатата година се забележлува подобрување на функционирањето на меѓубанкарскиот пазар на пари, каде што пократката рочност на основниот монетарен инструмент придонесе за подинамично управување со ликвидноста и формирање на пазарните каматни стапки блиску до нивото на референтната стапка на Народната банка. Ова дополнително ја зајакнува ефикасноста на монетарната политика, особено во услови на зголемена неизвесност“, истакнува Величковски. Тој во своето обраќање нагласува дека изминатите неколку години претставуваат период на суштински реформи во областа на платежните услуги и платните системи. Народната банка спроведе реформи што ја зголемија конкуренцијата, ја подобрија заштитата на корисниците и ја зајакнаа безбедноста на плаќањата. Со усогласувањето со европските стандарди и пристапувањето кон СЕПА, се овозможија побрзи и поевтини плаќања во евра, а во моментов Народната банка е насочена кон воспоставување на новиот систем за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС, кој се развива во рамките на иницијативата на Европската централна банка за земјите од Западен Балкан. „Овој систем ќе овозможи извршување на плаќањата во денари во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, поставувајќи нови стандарди за брзина, достапност и корисничко искуство. Истовремено, тој ќе создаде основа за регионално поврзување на платните системи и постепена интеграција со европската платежна инфраструктура, овозможувајќи така побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со земјите од Западен Балкан и Европската Унија“, нагласува вицегувернерот Величковски, посочувајќи дека новата инфраструктура ќе поттикне и развој на иновативни решенија за поедноставно иницирање на плаќањата преку мобилни апликации, што ќе овозможи поекономично прифаќање на плаќањата на продажните места, како и побрзо располагање со средствата од страна на трговците. Вицегувернерот Величковски потенцира дека постигнатите резултати се засноваат врз заедничките напори на Народната банка и Министерството за финансии како регулатори, на банките, останатите даватели на платежни услуги и другите релевантни институции, како и на континуираната координација меѓу сите засегнати страни. Партнерскиот пристап претставува силна основа врз која се надградуваат тековните реформи и развојните проекти, коишто и во наредниот период ќе бидат насочени кон понатамошна модернизација, европска интеграција и унапредување на платежните услуги во интерес на граѓаните и компаниите.Тагови: Народната банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПретставата „Кокошка“ со специјална награда на престижниот фестивал „Kolyada Plays“ во РусијаПретставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири составено од истакнати театарски уметници на XIX Меѓународен фестивал.Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири составено од истакнати театарски уметници на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“, што се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание, претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во конкуренција на 28 театарски продукции. Специјалната награда на фестивалот се доделува во форма на метална ѕвезда со опашка – симболично наречена „Метална комета“, заедно со голем клинец, според идејата дека „кометата треба да се заковa за ѕидот за да не одлета“. Автор на овој препознатлив фестивалски симбол е сценографот Владимир Кравцев. Фестивалот „Kolyada Plays“ е еден од најзначајните и највлијателни театарски фестивали во Русија и пошироко во Источна Европа, основан во 2008 година од рускиот драмски автор, режисер и педагог Николај Кољада — една од клучните фигури на современата руска драматургија. Неговите текстови се поставувани на сцени низ Европа, а фестивалот со години претставува важна платформа за нова драматургија, авторски театар и меѓународна размена на современи сценски практики. „Кокошка“ е работена по текст на драмскиот автор Николај Кољада, а режијата ја потпишува Теодора Силјаноска. Во претставата настапуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Томе Станковски и Кристина Гиева. Костимограф е Марија Пупучевска, соработник за сценско движење Дарко Велиќ, изборот на сценографијата и музиката е на Теодора Силјаноска, а дизајнот на плакатот го изработи Михаил Велески. Претставата го истражува копнежот по слобода, љубов и соништа во свет што станува сè постуден и поапатичен. Низ апсурд, импровизација и секојдневни ситуации, ликовите создаваат жив театарски чин како обид да се соочат со внатрешниот хаос и нарушените општествени вредности. „Кокошка“ е приказна за младоста – немирна, искрена и гладна за промени, која се судира со стравот, рамнодушноста и затворените системи. Како џез-импровизатори, ликовите играат против непредвидливото, барајќи простор за надеж, слобода и човечност. Независниот театар Вортекс е колектив посветен на современата изведувачка уметност, интердисциплинарната соработка и општествено ангажираниот театар. Неговите членови развиваат авторски продукции, работилници и меѓународни соработки, истражувајќи физички театар, поетска драматургија и експериментален сценски јазик. Ова не е прво значајно признание за „Кокошка“. Претставата претходно триумфираше и на 10. издание на PITF „Burbuqe Berisha“, каде што ја освои Наградата за најдобра претстава, додека Биљана Драгиќевиќ-Пројковска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот. Од следната сезона претставата може да се погледне на малата сцена на Театар Комедија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законикВенко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законик, бегаат од гласот на дијаспората а се грижат само за повеќе пари Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус. На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа што Венко и СДС знаат дека ја изгубија довербата кај Македонците, и дома и надвор од државата. Затоа прават се за да го ограничат нивното демократско право на глас. Истите тие кои со своите погрешни политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат токму тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право. Тоа е вистинското лице на СДС. Апасиев и Левица уште еднаш покажаа дека нивниот единствен интерес не се граѓаните, туку парите. Иако сите нивни барања во преговорите беа прифатени, а се однесуваа на поголемо финансирање на политичките партии и изборните кампањи, денес тие го блокираат истиот закон што го договараа. Очигледно е дека кога се во прашање личните и партиските интереси, СДС и Левица функционираат како едно. Заеднички поднесуваат илјадници амандмани, ја кочат реформата и создаваат политички хаос, само затоа што знаат дека ги очекува убедлив пораз на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од реформите. Ги повикуваме СДС и Левица да престанат со опструкциите, да ги повлечат бесмислените амандмани и да овозможат носење на Изборниот законик кој ќе обезбеди фер, модерни и поефикасни избори, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора. Граѓаните заслужуваат функционален изборен систем, а не политички блокади создадени од партии кои стравуваат од волјата на народот. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45