Маратон на македонски филмови во Чешка - Канал 5

Маратон на македонски филмови во Чешка

Од вечер и за време на викендот, чешкиот град Всетин ќе биде центар на македонската култура, каде што во рамки на 8. Филмски маратон ќе бидат прикажани 12 македонски филмови, јави дописникот на МИА од Прага.

Маратон на македонски филмови во Чешка
- Фестивалот на балканскиот филм во Всетин, за кратко време успеа да изгради позиција на исклучителен културен настан со уникатен придонес за зачувување и развој на културните вредности и традиции кои заедно ги споделуваат Чесите и балканските народи, изјави македонскиот амбасадор во Чешка Паскал Стојчески, кој вечер ќе го отвори филмскиот Фестивал.

Стојчески ја нагласи долгогодишната филмска традиција во Македонија, која датира уште од времето на браќата Манаки, кои во Битола во 1905 година го снимија првиот филм на територијата на поранешната Отоманска империја, изразувајќи надеж дека Македонија во наредните денови преку визуелните сетила ќе биде поблиску претставена до чешките граѓани.

Во рамки на Фестивалот, кој годинава има наслов ,,Виват Македонија" ќе бидат прикажани: драмата ,,Децата на сонцето" на Антонио Митриќески, адаптацијата на театарската претстава на Дејан Дуковски ,,Балканот не е мртов", ,,Соба со пијано" на Игор Иванов-Изи, ,,Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски, ,,Како убив светец" на Теона Сстругар Митевска, како и мозаикот од кратки приказни на 10 режисери од македонската метропола ,,Скопје ремиксд".

Меѓу филмовите, од кои најголем дел имаат премиера пред чешката публика се и ,,Најдолгиот пат" од 1977 година на доајенот на македонскиот филм Бранко Гапо, ,,Збогум на 20.век" на Дарко Митревски и ,,Преку езерото" на Антонио Митриќески.

Како ексклузивитет се најавува ,,Медена ноќ", најновиот филм на Иво Трајков, македонски режисер, сценарист и професор на ФАМУ кој живее во Чешка и кој со својата сопруга Верица Недеска ќе бидат почесни гости на фестивалот.

Филмот, кој се одвива во Македонија во 90.години на минатиот век, е инспириран од новелата „Уво“ на еден од најдобрите чешки сценаристи, Јан Прохаска. Од Трајков ќе бидат прикажани и филмовите ,,Филм" ,,90 минути - Берлински проект".

Организацијата на филмскиот Фестивал е потпомогната од Македонската Кинотека и Македонскиот филмски фонд и е под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Прага. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер