Мараја Кери возвраќа: Не дека трошев, туку тој беше ужасно љубоморен на мојот кореограф! - Канал 5

Мараја Кери возвраќа: Не дека трошев, туку тој беше ужасно љубоморен на мојот кореограф!

Таблоидите вчера ја објавија страната на Џејмс Пакер, според кои тоој ја оставил Мараја бидејќи премногу трошела и сакала да ги објави деталите од нивниот живот во реално шоу. Тимот на Мараја има друга верзија - причината за разделбата е неговата љубомора и неподнесување на кореографот на Мараја Кери, Брајан Танака.

Мараја Кери возвраќа: Не дека трошев, туку тој беше ужасно љубоморен на мојот кореограф!
Во јуни Џејмс Пакер имал гласна кавга со младиот Танака по што презел непријатни чекори против него - пишува ТМЗ. Тој наводно и замерувал на Мараја што премногу се зближила со Танака.

Bone of contention: James Packer allegedly thought Mariah Carey was getting 'too close' to choreographer and dancer Bryan Tanaka, pictured with the songstress on August 3

Портпаролот на Мараја Кери категорично демантира дека нејзино неверство или трошењето се причини за разделбата со Џејмс Пакер.

A smile for the camera: Carey, 46, and  Packer, 48, had a 'huge fight' while on vacation in Greece last month and they have not seen each other since, it's claimed
- Мараја и Џејмс се скараа во Грција и не се виделе еден месец. Кавгата не беше за никакви неверства од која било страна, ниту за некакво екстензивно трошење на Мараја - изјави портпаролот на Кери за „ET“.

- Засега не знаат дали ќе останат заедно, дискутираат за тоа и ќе излезат со заедничка изјава за нивната иднина - вели тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Откако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%.

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.

Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени.

Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица.

Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер