Мараја Кери шокира за врската со милијардерот: Немавме физички контакт - Канал 5

Мараја Кери шокира за врската со милијардерот: Немавме физички контакт

Пејачката Мараја Кери откри многубројни детали од нејзиниот приватен живот во мемоарите The Meaning of Mariah Carey, што неодамна ги објави.

Мараја Кери шокира за врската со милијардерот: Немавме физички контакт

Таа зборува за своето детство во кое претрпела физичко и ментално малтретирање и за разнишаната врска со нејзината мајка и сестра. Таа се осврна и на нејзините многубројни љубовни врски, но фановите забележаа дека таа целосно ја изостави врската со австралискиот милијардер Џејмс Пакер, со кого патуваше и се забавуваше две години.

Кери објасни зошто не го споменува Пакер во своите мемоари и ја откри вистината за нивната романса, што шокираше многумина, пишува Си-Ен-Ен.

"Ако врската значеше нешто,ќе беше во книгата. Ако не е, значи дека ништо не се случило. Немавме физички однос, да ви кажам право", рече таа, алудирајќи дека нивната врска била повеќе од деловна природа.

🌻❤️

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Таа зборуваше и за бракот со 20-годишниот продуцент Томи Мотол, кој ја издигна на почетокот на нејзината кариера, и со кого се омажи на 23-годишна возраст.

"Немаше место за мене како личност. Замислете мало девојче. Постојано се обидував да се прикажам како вистинска американска девојка, што и да значеше тоа. Немаше слобода. Бев скоро како затвореник", рече таа.

Кери исто така ја обвини осум години постарата сестра Алисон дека сакала да ја продаде на макро кога имала само 12 години.

"Нашите родители се разведоа кога имав три години. Останав со мајка ми и Алисон отиде кај татко ми. Никогаш не се сложувавме. Кога имав 12 години, таа имаше 20 години и започна да живее со новото момче Џон. Тогаш почна да ми обрнува внимание, но не знаев дека Џон се занимава со подведување девојчиња, но и деца“, открива таа.

"Таа ме покани во нивната куќа каде што можев да гледам телевизија колку што сакам и имаше многу вкусна храна што мајка ми не можеше да си ја дозволи. Сега, се разбира, ми е јасно дека куќата била бордел. Сестра ми му помагаше на макрото .Тогаш не знаев, имав само 12 години.

"Работите брзо излегоа од контрола, сестра ми започна да се дрогира и да се задолжува. Еднаш таа и Џон требаше да ме земат, но тој дојде сам и ми даде до знаење дека има пиштол. Ме однесе во некој бар што беше полн со постари мажи што чудно ме гледаа и ми дофрлаа несоодветни коментари. Тогаш тој започна насилно да ме бакнува. За среќа, сè забележа човек на кого му беше чудно да гледа дете и постар лик како се бакнуваат, тој ме спаси. Подоцна дознав дека сестра ми се обидела да ме продаде на Џон “, додаде таа.

Да потсетиме, нејзината сестра неодамна ја обвини нивната мајка дека ја принудувала на секс за време на сатански ритуали, а сето тоа заврши на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер