3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
Шоу бизМараја Кери пее на плејбек – фановите лути и разочарани (ВИДЕО)Пејачката Мараја Кери стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по настапот на американската парада за Денот на благодарноста.Самопрогласената кралица на Божиќ настапи на традиционалната парада за Денот на благодарноста која секоја година ја организира стоковната куќа Мејси на улиците на Менхетен, а пејачката се појави во прекрасен розов фустан со чадор и го испеа својот божиќен хит All I Want For Christmas. . Но, коментаторите на социјалните мрежи ја нападнаа дека пее на плејбек. Обожавателите на социјалните мрежи напишаа дека Кери покажала страшна енергија додека стоела „како даска“ за време на настапот, а потоа ја критикувале дека ја отворала устата несинхронизирано за репродукцијата. „Можете да помислите дека таа би ја усовршила синхронизацијата на усните со оваа песна откако ќе го направи тоа илјада пати. Ова е ужасно“, напишал еден обожавател. „Луѓе, ова не е вежба. Мараја Кери е надвор од хибернација, трчајте“, додаде друг. Respect to Mariah Carey for not even pretending not to lip sync — Andy Kalmowitz (@andy_witz) November 24, 2022 „Принудени сме да ја слушаме нејзината песна за време на празниците. Дали навистина моравме да ја видиме како пее на плејбек и на парада?“, „Тие сигурно се обидуваат да создадат вирален мем со оглед на тоа колку камерата беше блиску до нејзините усни. Пеењето е толку комично!", "Го сакам нејзиниот недостаток на енергија! Така е, девојче, дај ни големо ништо!" се дел од коментарите кои го преплавија Твитер. For those saying Mariah Carey was lip syncing on the Thanksgiving parade, here’s your answer. Y’all always try to find something to criticize Mariah about & I’m NOT gonna have it. It is NOT a requirement to sing live. Y’all better start appreciating Mariah more 4 just being here https://t.co/9ieRbwHX8T — RO ALMIGHTY ✨🇯🇲 (@_romeko) November 24, 2022 Некои обожаватели излегоа во нејзина одбрана и се потсетија на твитот што пејачот Џон Леџенд го објави во 2018 година по неговиот настап на парадата на Мејси. "Еве еден забавен факт. Сите ние што настапивме на парадата пеевме на плејбек бидејќи на настап на отворено од ваков тип едноставно нема начин да се добие квалитетен настап во живо. Се надевам дека уживавте, но ако дојдете на мои концерти, знаете дека инаку секогаш пеам во живо“, напишал пејачот кој таа година бил нападната поради истото. Познатата пејачка веројатно не е премногу трогната од критиките. Имено, Кери секој декември заработува повеќе од половина милион евра само на основа на својот божиќен хит, а Business Insider проценува дека за 24 години колку што е објавена песната заработила 45 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБанов: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ова ли е вашата визија за Центар?Денес сме на улицата „Јордан Мијалков“, пред уште еден пример за урбанизација што отвора прашање за хуманото живеење во Центар. Згради оддалечени едвај неколку метри, недостиг од паркинг и речиси никакво зеленило. На жителите им се одземаат просторот, приватноста и условите за достоинствен живот. Господине Бетон Герасимовски, заедно со вашиот ментор Филипче, пред изборите ветувавте хуман Центар, а денес граѓаните гледаат бетонски лавиринт! Каде се зеленилото, паркинзите и конкретните решенија за подобар живот? Не може урбанистичкиот развој да се мери само со нови згради, додека потребите на жителите остануваат во втор план. Бетон Герасимовски, време е да одговорите за резултатите од вашето раководење во Општина Центар. Кој ги штити граѓаните и нивниот квалитет на живот? Граѓаните на Центар заслужуваат општина во која ќе има простор за живеење, а не секој слободен метар да се претвора во бетон. Центар не е парцела за градење, туку дом на граѓаните. Ветувањата поминуваат, но последиците од лошото урбанистичко планирање остануваат со години! Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕТагови: Банов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Audi“ инвестира 4 милијарди долари во САД: Подготовки за производство на големи теренски возила„Audi“ планира изградба на фабрика во Америка со годишен капацитет од 200.000 возила, со цел да ги избегне „царините на Трамп“.„Audi“ планира да ја изгради својата прва фабрика во Соединетите Американски Држави, со инвестиција од приближно четири милијарди долари. Се очекува објектот, кој ќе се наоѓа во сојузната држава Џорџија, да вработи 4.500 луѓе и да има годишен производствен капацитет од 200.000 возила. Изградбата треба да започне во 2027 година, а почетокот на производството се очекува на почетокот на 2030-тите години. Локалното производство ќе му овозможи на „Audi“ да произведува возила поблиску до американските купувачи, да ја намали зависноста од увоз од Европа и да го ублажи влијанието на царините врз возилата произведени во странство. Германскиот производител сè уште официјално нема потврдено кои модели ќе се произведуваат во новиот погон. Сепак, најавено е дека фабриката ќе биде наменета за големи, луксузни „SUV“ модели, прилагодени за северноамериканскиот пазар. Меѓу потенцијалните кандидати се идните генерации на моделите „Q7“ и „Q9“. Исто така, не е исклучено ниту производството на следната генерација на „Q8“ – модел кој ја дели платформата со „Q7“. Зошто „Audi“ гради посебна фабрика? Интересно е тоа што „Volkswagen Group“ веќе инвестира околу две милијарди долари во фабрика на „Scout Motors“ во Јужна Каролина. Во тој погон е предвидено производство на „SUV“ моделот „Traveler“ и пикап возилото „Terra“, со планиран годишен капацитет до 200.000 возила. Бидејќи и двата објекти се наоѓаат во југоисточниот дел на САД, се поставува прашањето зошто „Volkswagen Group“ не би ја искористила постоечката инфраструктура за производство на моделите на „Audi“. Една од причините би можела да биде различната природа на возилата. „Scout“ развива робусни модели со традиционална шасија, додека „Audi“ би произведувал луксузни „SUV“ возила, што подразбира поинакви технички и производни барања. Оваа инвестиција доаѓа во момент кога „Volkswagen Group“ спроведува обемна програма за намалување на трошоците и се обидува да ја подобри профитабилноста – потег што делумно е поттикнат од силната конкуренција на кинескиот пазар. „Audi“, сепак, смета дека локалното производство ќе помогне да се зајакне неговата позиција во Северна Америка и да се зголеми неговата конкурентност на еден од најважните светски пазари за луксузни автомобили.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
СветКинеската комунистичка партија усвојува мерки за „сеопфатно и строго самоуправување“Си го запозна Централниот комитет со нацрт-документ кој, според државната новинска агенција „Синхуа“, се осврнува на предизвиците со кои се соочува Партијата.Кинеската комунистичка партија денеска започна четиридневен состанок на високи функционери, со цел усвојување конкретни мерки за „сеопфатно и строго самоуправување на Партијата“, додека претседателот Си Џинпинг се обидува да го зацврсти својот авторитет и да наметне идеолошко единство. Си го запозна Централниот комитет со нацрт-документ кој, според државната новинска агенција „Синхуа“, се осврнува на предизвиците со кои се соочува Партијата – вклучително и зајакнување на капацитетите за управување и борбата против корупцијата, прашање на кое претседателот посвети посебно внимание во текот на својот мандат. Спроведувањето на клучните одлуки и планови на Централниот комитет не смее да се сведе на празна реторика, истакна кинеската новинска агенција во својот коментар. „Од клучно значење е да се усовршат институционалните правила и прописи за да се затворат правните празнини, да се зајакнат заштитните механизми и да се обезбеди нивна ефективна примена“, се наведува во текстот. „Мораме повторно да се родиме како феникс.“ Централниот комитет ќе одржи седница зад затворени врати од денеска до четврток. Ова е петти ваков состанок откако сегашниот состав беше формиран во 2022 година, поради што се нарекува „Петти пленум“. Аналитичарите проценуваат дека ова би можело да биде последниот голем партиски собир пред промените во раководството во 2027 година, кога се очекува Си да ја задржи својата највисока функција за четврти мандат. Во последните години, кинескиот претседател предводеше кампања против корупцијата, која доведе до отстранување на стотици високи функционери и генерали – вклучително и некои од неговите поранешни сојузници. Критичарите тврдат дека овие чистки, особено оние насочени кон највисоките ешалони на вооружените сили, ја дестабилизираат војската и ја поткопуваат нејзината борбена готовност. Партијата, сепак, ја претставува оваа кампања како неопходна и регенеративна, тврдејќи дека војската мора да доживее „преродба“ – слично на феникс – преку „капење во пламен и повторно калење“. „Способноста и владеењето на правото имаат предност пред врските и поткупот“ Во коментар на агенцијата „Синхуа“ се истакнува антикорупциската кампања како доказ за „континуирано и систематско“ управување, чија цел е „да се осигура дека функционерите не се осмелуваат, не можат и немаат желба да се впуштат во корупција“. „За глобалните инвеститори и креаторите на политики, ова укажува на поголема предвидливост“, се наведува во коментарот, при што се појаснува дека Кина создава потранспарентна средина за меѓународна соработка – средина во која способноста и владеењето на правото имаат предност пред личните врски и поткупот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter