Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
2Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ЖивотМарадона ќе добие споменик во Буенос Аирес Аргентиснкиот фудбалски волшебник Диего Армандо Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, кој ќе привлече голем број на туристи. Децата на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Диего Марадона го најавија отворањето на Фондацијата Марадона за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно. -Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето. Споменикот наречен M10 Memorial, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно, според „m10memorial.com“. Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап до споменикот, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот. Фондацијата ќе ги собере Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата на Диего Марадона, од три различни врски. Славниот фудбалер инаку почина во ноември 2020 година. На почетокот на октомври, судството го одобри префрлањето на телото на Марадона на овој иден споменик, за да им се олесни оддавањето почит на Аргентинците и туристите на „најголемиот идол на Аргентина“. Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од неврохирургија поради хематом на главата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компанииЕкономскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари. Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места. ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
СветАвтобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер. Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри. Меѓу загинатите, наводно, има и деца. Некои од патниците биле заробени во уништеното возило. Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.Тагови: автобус Зеленортските острови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
СветВиткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar. Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“. Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив. Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter