МакедонијаМАНУ со едноминутно молчење за настраданите во Кочани го почна годишното собраниеВо МАНУ академиците никогаш не се прашувале за нивната етничка припадност, вели Попов.„Партизацијата во институциите и децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот доведоа до девастирана држава со нефункционални институции“, изјави претседателот на МАНУ Живко Попов на денешното годишно собрание, кое почна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во несреќата во Кочани Во овие моменти на длабока тага, сепак, има и нешто светло, а тоа е навремената и компетентна реакција на здравствениот систем и државните институции, пред се МВР и јавното обвинителство, кои покажаа дека во тешки, кризни моменти сепак имаат капацитет да реагираат соодветно, истакна Попов. Првиот човек на МАНУ најави повеќе приоритетни проекти во повеќе сфери а најави и конкурс за нови членови на академијата, според универзално признати критериуми. Тој ги повика заинтересираните кандидати од сите етнички заедници да се пријават. Тагови: МАНУ Живко Попов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
СветРусија: Ги поддржуваме преговорите меѓу Иран и САД Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи.Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Известија“. Лавров: Вашингтон е одговорен за тензиите Шефот на руската дипломатија смета дека Вашингтон, иако ги препознава тензиите со Иран и е загрижен за ситуацијата, всушност не знае како да ја реши. „Секако, тие самите се првенствено одговорни за оваа ситуација“, додаде Лавров. Важноста на дијалогот и медијацијата „Сепак, без оглед на тоа, ние целосно ги поддржуваме преговорите што се водат на еден или друг начин меѓу официјалните лица во Вашингтон и Техеран со медијација на Пакистан“, нагласи тој. Лавров спомена дека Саудиска Арабија и Египет исто така се обидуваат да придонесат во процесот. „Многу е важно овие дијалози да продолжат“, рече тој. Како заклучок, тој повтори дека „секој постигнат договор мора да ги земе предвид интересите на Иран и неговите соседни земји“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеностДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам.За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска. ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина. Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани. Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци. ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат. Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност. Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа, рече на прес конференција, Шабан Алајбегу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаМакедон освои уште еден златен медал, најдобар меѓу 57.000 натпреварувачи Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот.Голема гордост за нашиот Македон! Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, потоа постигна највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници. Како врв на овој огромен успех, Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Mакедон– продолжи да блескаш!, објави на ФБ татко му на Македон, Владимир Димитровски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55