Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
1Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураМАНУ промовираше двотомно издание „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“ Истражувачкиот центар на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска промовираше „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“ во два тома.Првиот, насловен „Супрасегментална фонетика и фонологија“, се однесува на интонацијата и акцентот, а вториот, „Сегментална фонетика и фонологија“, е посветен на гласовите во македонскиот јазик. Изданието е финансирано од Полска и авторскиот тим е македонско-полски: Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик и дописен член на МАНУ, и експертот за акустика – проф. д-р Бранислав Геразов од ФЕИТ, а од Полска биле вклучени Ана Цихнерска и Агата Травињска, како и академик Ирена Савицка од Институтот за славистика при Полската академија на науките, која е координатор на проектот. Двата тома се создадени по најсовремени методи на фонетски истражувања со експериментални резултати добиени во лабораторија, а материјалот е собран од родени говорители на македонскиот јазик. Веселинка Лаброска, една од авторите, рече дека во самото издание е нагласено дека современиот македонски јазик во однос на фонетиката е единствен и уникатен во целиот словенски јазичен свет. Таа изјави дека се работи за ново истражување за кое се труделе да најдат соодветен корпус на говорители за кои сметале дека зборуваат, изговараат правилно македонски, спикери од радио и од телевизија (МРТ), како и нивни колеги лингвисти кои снимале одделни секвенции потребни за истражувањето. -Сѐ е базирано на снимени материјали на родени говорители на македонскиот јазик кои сметаме дека изговараат така како што треба да звучи македонскиот јазик, со сите негови специфики, со нормален изговор на вокалите, со акцент на третиот слог од крајот на зборот, со акцентски целости итн. Забележавме и нови тенденции во изговорот што, веројатно, е нормално за секој јазик затоа што промените се неодминливи, истакна Лаброска. Изданието е наменето, пред сѐ, за студенти, но и за стручњаци со оглед на тоа што е напишано на повисоко теоретско ниво. -Може да го користат не само оние што се занимаваат со јазик, туку и со акустика и со синтеза и анализа на говор, а токму тоа го работеше нашиот колега Геразов од ФЕИТ. Сè што е во допир со изговорот на македонскиот јазик може да биде искористено од нашите анализи и заклучоци, рече Лаброска. Во однос на тоа колку лингвистите се задоволни од изговорот на македонскиот јазик во општата комуникација и во медиумите, таа смета дека македонскиот како и другите јазици е подложен на промени, но секогаш, рече, може да биде подобро. -Се разбира дека образовниот систем треба повеќе да води грижа за правилен изговор, правилно акцентирање и токму во таа насока мислам дека нашава книга има посебен придонес. Може многу да се стори, но за да се стори треба да изградиме вистинско патриотско чувство кај нашите деца – да не го потценуваат својот мајчин македонски јазик, туку да се грижат за него во секој поглед. Тоа значи да го зборуваат секаде каде што треба да се зборува, а не англиски или друг јазик. За тоа треба да придонесе образованието, но и родителите односно семејството, рече Лаброска. Дијалектологот проф. д-р Гоце Цветановски, еден од промоторите, истакна дека новото двотомно издание е фундаментално дело кое, како што рече, ќе направи пресврт во македонската фонетика и фонологија. -Ова го тврдам затоа што досега истражувањата што се однесуваат на фонетиката и фонологијата во македонската лингвистика се на почетно ниво и ваквите импулси, потпомогнати од врвни стручњаци, како што се академик Ирена Савицка и тимот со кој соработува, придонесе во Македонија да се развие и оваа гранка од лингвистиката. Авторите се потрудиле да ги опфатат сите можни супрасегменти. Станува збор за прозодијата, која е многу малку истражувана и на планот на дијалектите. Интонациската конструкција во македонските дијалекти е неистражена, како и елементите што придонесуваат кон изразот. Затоа мислам дека со ова дело се отвора нова ера во македонската лингвистика, рече Цветановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид. Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност? Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство. СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство? Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот. Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање? Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите. Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок? Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него. На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност. Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност. Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор. За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови. Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание. Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во ОхридВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид, никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите.ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство. За насилството врз нема и нема да има место во Македонија. Затоа ги повикуваме институциите, во согласност со законите, да ги преземат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, со цел сторителот да биде изведен пред лицето на правдата. Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност. Дополнително, доколку институциите, секоја во рамките на своите надлежности, не постапат и не реагираат во согласност со законите, сите одговорни ќе бидат повикани на одговорност. Воедно, откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата. Институциите не смеат да имаат милост кон насилниците! Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите. Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter