МакедонијаМАНУ потврдува дека Македонија има сериозни капацитети на бакар од бенефит за државатаОд друга страна во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 на која работеше МАНУ, се нотира дека тие резерви просто не се искористуваат. Таков е примерот со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица-Штука.Дури ни отворањето на шест огромни рудници за бакар годишно во следните две децении нема да ја задоволи глобалната побарувачка. Вака проценува светскиот рударски инвеститор Френк Џустра, предупредувајќи на сериозна криза во синџирот на снабдување. Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 изработена од МАНУ, децидно потврдува дека Македонија располага со сериозни капацитети на бакар кои не се искористуваат. Пример за ова е Иловица-Штука, каде инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ утврди ресурси од 237 милиони тони и резерви од 225 милиони тони руда (околу 410 илјади тони бакар, со стапка на искористеност од 84%). Проектот предвидуваше експлоатација од 10 милиони тони руда годишно и век на експлоатација од 23 години. Покрај Иловица, присуство на бакар беше утврдено и во Казандол и Кожуф, но овие инвестиции останаа нереализирани. Џустра се повикува на прогнозите на „JPMorgan“, според кои се очекува дефицит на бакар од два милиони тони до 2030 година, кој ќе порасне на осум милиони тони до 2035 година. Само центрите за податоци ќе потрошат околу 500.000 тони до крајот на деценијата, а на новите наоѓалишта им се потребни меѓу 10 и 20 години за да почнат со производство. „Бакарот е столбот на речиси секоја електрификациска индустрија во светот“, нагласува Џустра. И додава дека битката за стратешки минерали прераснала во геополитичко ривалство: „Светскиот поредок каков што го знаевме одамна веќе е мртов“, додава инвеститорот. Додека Кина почна да обезбедува наоѓалишта пред 25 години, САД и Европа дури неодамна ја сфатија важноста на критичните минерали. Поради бавниот развој на новите рудници, високите цени на бакарот остануваат единствениот механизам за балансирање на пазарот. Финансиската групација „Macquarie“ заклучува дека бакарот е „заглавен“ помеѓу инвестицискиот оптимизам и слабеењето на капацитетите. Цената на металот се искачи од 12.000 долари за тон во март на над 14.000 долари во мај годинава. Трговците веќе се позиционираат поради можните американски мерки за извоз, што според „Macquarie“ ќе донесе континуирана неизвесност и ќе го остави остатокот од глобалниот пазар под силен притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter