КултураМАНУ и „Матица“ ја објавија „Игра со љубов. Болеста на коренот“ од Божин Павловски – заокружена трилогијата „Записи од надземјето“По „Чудесии“ и „Клетии“, Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објавија и книгата „Игра со љубов. Болеста на коренот“ од академик Божин Павловски.Со оваа книга се заокружува трилогијата „Записи од надземјето“, со којашто највисоката научна и уметничка институција и првата приватна издавачка куќа во Македонија, заеднички, оваа година го чествуваат делото на овој мајстор на македонскиот збор. Во ова издание е вклучен и романот „Игра со љубов“, со којшто Павловски дебитираше во далечната 1964 година, како и избор од неговите раскази, вклучително и од раните творечки години, едните и како враќање „Назад кон детството“, како што е насловен одделен дел на книгата, а други како „Ембриони од најраната младост“, се наведува во соопштението од „Матица македонска“. Изданието се заокружува со „Записи како раскази“, важни за македонската културна меморија. Едновремено, со овој дел на книгата, како логична, но и творечка целина се заокружува и самата трилогија, бидејќи во претходните две книги од неа за првпат интегрално се објавија записите на Павловски што претставуваат и своевидна историја на македонската општествена и културна стварност во последните децении. Академик Божин Павловски е еден од најголемите интелектуалци и најзначајните раскажувачи на македонската книжевност и култура. „...водечко име на македонската современа литература, ретко успешен белетрист, со завиден квантум на раскажувачка, романескна и публицистичка продукција, двигател на силовитиот развиток на македонската прозна белетристика, чии дела се преведувани на други јазици, преведувани и често, и во завидна бројка, и максимално коментирани, е еден од оние наши современи литературни творци, коишто од страна на Блаже Конески фигуративно беа наречени ‘робусни автори’, имено токму како што овој латинизам (‘робустус’) значенски се рефлектира и во нашиот јазик, во смисла на силен, јак, снажен, тврд, крепок, здрав, цврст.“, има подвлечено академик Гане Тодоровски уште при осврнувањето кон дела од претходните творечки фази на Павловски. Како што има нагласено академик Влада Урошевиќ уште во раните критички одгласи, „две нешта ги карактеризираат романите на Божин Павловски, давајќи им секогаш еден јасен белег на препознавање: на планот на надворешниот простор – лутања на релација родниот крај и далечините; на планот на внатрешниот простор – барања на една внатрешна оска, страсна потрага по одговорот на прашања од етички карактер што пред вознемирениот поединец ги поставува епохата.“ „Барајќи ги, откривајќи ги и движејќи се по патиштата по кои се движат македонските откорнатици, Божин Павловски и самиот се пресоздаде во една од тие многубројни судбини на нашето драматично исчезнување: тој приживе доживеа сопствена инкарнација во темата која, безмалку, го прогонува цели четири децении: и неговата дарба и неговата свест и соништа – сега се поистоветени со таинствата и преобразбите на застрашувачката тема на можната македонска нацонална катастрофа.“, има подвлечено академик Анте Поповски уште во последната деценија на минатиот век. Книгата „Игра со љубов. Болеста на коренот“, како и севкупната трилогија „Записи од надземјето“ е дел од собраните дела на академик Божин Павловски во 26 тома, во издание на МАНУ и „Матица македонска“.Тагови: МАНУ Божин Павловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаПетрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидатКога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита. Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата? Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус Вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер СпасовскиПочитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски Кој ќе понесе одговорност по масовното труење во Гостивар? Зошто институциите повторно потфрлија во заштитата на граѓаните? Успеа ли СДСМ да се консолидира и да фунционира како конструктивна и силна опозиција? Може ли земјава да напредува кон ЕУ без нови условувања, ќе најдат ли власта и опозицијата заеднички јазик? Јана Јосифоска во Вести Плус со Оливер Спасовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаКонституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела ВодаНа првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади.Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места. Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор. -Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање. Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари. Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10% дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица. На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода. Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси. Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33