Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
1Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
КултураМАНУ: Да се поништи одлуката за лустрирање на академик Славко ЈаневскиПостапката на Комисијата за верификација на факти против академик Славко Јаневски е удар однатре врз македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок на Република Македонија, оцени Македонската академија на науките и уметностите. Таа бара Комисијата да ја поништи донесената одлука, иако, како што наведува во дописот до медиумите, тоа нема да биде доволно за да се поправи нанесената штета. - Одлуката на Комисијата претставува за правото непознат чин на водење правна постапка против починато лице од државен орган, и е основа за сомневање дека нејзин мотив може да претставува ставот на негација на македонската самобитност и на начелата на демократската правна држава. Македонската академија на науките и уметностите смета дека објавувањето на одлуката на Комисијата за лустрација на акад. Јаневски, е спротивно на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, (чл.33), кој изречно забранува објавување податоци за починати лица, пишува во реакцијата на МАНУ. Академијата посочува дека Славко Јаневски е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и култура и на Македонската академија на науките и уметностите, чиј опус е во целост посветен на историскиот опстанок на Македонија и македонскиот народ и одамна ги има надминато границите на нашиот културен простор, афирмирајки ја македонската литература, култура и јазик во светот. МАНУ смета и дека Собранието на Република Македонија треба да ја преиспита законската регулатива на лустрацијата, заради нејзино усогласување со Уставот на Република Македонија, Европската конвенција за човековите права и стандардите развиени од Европскиот суд за човекови права, согласно препораките и критичките забелешки на Советот на Европа, ЕУ, Венецијанската комисија и други компетентни меѓународни тела. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид на првата испорака од новите контејнери, кои уште денеска ќе бидат распоредени низ Скопје.- Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Особено важно е што истите контејнери, за кои моите претходници плаќале по 18.600 денари, ние ги набавуваме по двојно пониска цена и тоа во време на глобален раст на цените. Тоа значи да се води сметка за секој денар на граѓаните. Чист град значи поздрав живот, поуредни населби и подостоинствено секојдневие за секој човек. Нашите деца заслужуваат да растат покрај чисти улици и паркови, а скопјани заслужуваат град со кој ќе се гордеат – изјави Ѓорѓиевски. Истовремено, Ѓорѓиевски апелираше да се чува новата опрема и да се почитува комуналниот ред во градот Скопје. - Чекор по чекор, го менуваме ликот на Скопје. Новата опрема мора да се почувствува таму каде што е најважно - пред нашите домови, во нашите маала и на улиците по кои секојдневно се движиме. Но, за чисто Скопје потребна е и совеста на секој од нас. Упатувам јасен апел до граѓаните, да го чуваме она што е наше, заедничко. На градежниот шут и кабастиот отпад не им е местото ниту во контејнерите ниту покрај нив. Со таквото однесување се оштетува опремата, се отежнува собирањето на сметот и се создаваат диви депонии среде нашите населби. За ваквата неодговорност нема да има толеранција – нагласи Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје. Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, кое треба да заврши на рециклирање, а со неговото одделно собирање се намалува мешаниот отпад и се зголемува заштитата на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекањеМинистерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите.Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите, со цел пократко чекање за пациентите. Секој ден на листа на чекање е ден неизвесност за пациентот и за неговото семејство. Затоа, ПЕТ центарот, согласно предвидениот план, продолжува со работа и во викендите, со јасна цел - да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна. „Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно", изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцира во тангаЛегендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите.. На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини. Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе. Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини. Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter