3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЗдравјеМанолева: Прифатена Декларацијата за заштита од тутунски чад поддржана од СЗОЗаменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска учествуваше на состанокот организиран од Светската здравствена организација .Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска учествуваше на состанокот организиран од Светската здравствена организација на којшто петте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија ја прифатија заедничката Декларација за заштита од тутунски чад. Документот е одобрен и поддржан од СЗО Европа и содржи низа конкретни чекори за намалување на високата распространетост на употребата на тутун во регионот на Западен Балкан, нагласувајќи го правото на секоја индивидуа да дише чист воздух. Во своето излагање пред останатите министри, д-р Манолева потенцираше дека се препознава критичната важност на координирана регионална акција во контролата на тутунот и дека целосно сме посветени на соработката со нашите регионални партнери за зајакнување на мерките за контрола на тутунот и заштита на здравјето на нашите граѓани. „Непобитна е итната потреба за акција. Нашите неодамнешни студии на случај за инвестиции во тутунот и бихејвиоралните студии за однесувањето на населението кон пушењето, спроведени со поддршка на СЗО во 2023 година, открија алармантна статистика. 45,4 % од нашата возрасна популација пуши цигари, што е значително повисоко од просекот во регионот на СЗО за Европа од 25 %. Над 5.000 граѓани во Северна Македонија годишно ги губат своите животи поради болести поврзани со тутунот, што претставува речиси 25 % од сите смртни случаи. Во 2019 година, тоа значеше дека речиси 6.000 лица починаа и речиси половина милион години живот беа изгубени поради тутунот, ставајќи значителен товар врз нашиот здравствен систем и економија“, рече Манолева. Таа посочи дека економското влијание на употребата на тутунот во Македонија е запрепастувачко, што ја чини земјата 38 милијарди македонски денари (МКД) годишно, што е еквивалентно на 5,6 отсто од нашиот бруто домашен производ во 2019 година. Состојбата е загрижувачка и за целиот регион на СЗО Европа којшто има најголема распространетост на употреба на тутун во светот, надминувајќи 23% до 2030 година. „Неодамнешните трендови се алармантни и покажуваат јасна склоност кон подлегнување на влијателните тактики на производителите на тутун. Владите се соочуваат со сериозен опонент олицетворен во индустријата за тутун, која користи економски притисок и тактики за да ги подрие нашите напори. Мора да се справиме со овој предизвик. Мораме да останеме одлучни во спротивставувањето на такви тактики, а тоа ќе го сториме со помош на силни политики кои ќе ја ограничат употребата на тутун“, рече д-р Ханс Хенри П. Клуге, регионален директор на СЗО за Европа. „Инвестирањето во деветте клучни точки на Рамковната Конвенција на СЗО за контрола на тутунот сега може да спречи речиси 12.300 смртни случаи и избегнување на 131 милијарда денари здравствени трошоци и економски загуби до 2038 година. За секој денар инвестиран во деветте акции на политиката за контрола на тутунот на СЗО денес, Македонија ќе добие повратни 19 денари од избегнати трошоци и економски загуби до 2038 година. Овие инвестиции не се само морален императив, туку и економски издржани. Охрабрени сме од силната поддршка на јавноста за сеопфатни мерки за контрола на тутунот. Бихејвиоралните студии спроведени со помош на СЗО од 2023 година, покажуваат дека мнозинството од нашите граѓани ги поддржуваат политиките против пушење во кафулињата и рестораните (56 проценти) и на работните места (68 проценти). Ова ја покажува подготвеноста за промени и ја нагласува важноста од спроведување на сеопфатни мерки за контрола на тутунот во Македонија“, изјави Манолева. Манолева потенцираше дека Македонија останува посветена на преземање решителни активности за намалување на употребата на тутун, заштита на јавното здравје и создавање средини без пушење. „Со прифаќање на Декларацијата на министрите за здравство на земјите од Западен Балкан за заштита од чад од тутун, ја потврдуваме нашата посветеност на благосостојбата на нашите граѓани и нашата решеност да изградиме поздрава иднина за сите. Ја упатувам мојата искрена благодарност до Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и д-р Ханс Клуге за свикувањето на овој состанок на високо ниво за контрола на тутунот во земјите од Западен Балкан и за воспоставувањето на подрегионална платформа за зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот во земјите од Западен Балкан“, изјави Манолева. Некои од најзначајните мерки наведени во декларацијата, се: 1. Забрана на пушење – ќе се разработи и спроведе целосно законодавство за зони без чад и аеросол. 2. Засилена правна примена – постоечките закони за контрола на тутунот ќе бидат засилени со робусни мерки базирани на докази. 3. Јавна свесност – преку образовни програми и кампањи ќе се истакнат опасностите од употребата на тутун и предностите на животна средина без чад. 4. Робусен надзор – ќе се востанови систем за надзор и процена на политиките за средина без. Покрај тоа, декларацијата повикува и на востановување платформа за размена на информации и заеднички активности кои ќе ја поддржуваат соработката и споделувањето на земјите во Западен Балкан за да се справуваат со заедничките предизвици. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЕден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и ОхридНи помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини. „Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метриПодводната пештера Врело во кањонот Матка испиша историја и стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот. Рекордот е постигнат од страна намеѓународен тим спелео-нуркачи, кој достигна максимална длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред дсоегашните лидери, односно локалитетите од франција и Италија. Како што соопштија од спелео-нуркачкиот клуб, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да продре на длабочина, за 51 метар повеќе од досега истражената. Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Рекордното нуркање го извршил полскиот спелео-нуркач Бартло-Миеј Питала, а целата операција траела девет часа. Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаПревентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилствоГлавната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар. Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир. На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11