Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република" со бројни настани - Канал 5

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република" со бројни настани

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република" од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа.

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република" со бројни настани

Манифестацијата, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола" во центарот на Крушево, а потоа со полагање свежи цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на партизанските гробишта во Крушево, пред вечното почивалиште на Тоше Проески и во криптата пред Македониумот на Гумење, ќе им биде оддадена почит на сите значајни дејци.

На платото на Гумење ќе биде подигнат бајракот на Крушевската Република, а на присутните ќе им се обрати претседателот на манифестацијата „10 Дена Крушевска Република", Томе Христоски.

На отворањето на Манифестацијата ќе настапи бендот Љубојна, а на полноќ е импровизираниот напад на градот, како симбол на почетокот на слободата на илинденско Крушево.

Во рамките на Манифестацијата, на 4 август е организирана Влашка вечер, а на 5 август ќе се одржи џез-концерт. Во текот на културно-научните средби „10 Дена Крушевска Република" е и одржувањето на „Кога си во Крушево" (When i Krusevo) со бројни гости и рекреативни настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Летување на море или на планина? Кој одмор е подобар?

Изборот помеѓу летен одмор на плажа или на планина е слатка дилема. 

Летување на море или на планина? Кој одмор е подобар?

За полесно да изберете идеално место за бегство од секојдневието, порталот we3travel истражува различни аспекти од одморот на море и планина. На вас е да изберете што најмногу ви одговара.

Звукот на брановите смирува

Малку што може да го надмине чувството на песочна плажа додека ритмичкиот шум на брановите ги смирува сетилата. Звукот на морските плисоци во брегот делува како природен звучен пејзаж поттикнувајќи состојба на длабок мир. Не нè ни чуди што многумина токму бескрајното морско пространство кое дава чувство на слобода и нова перспектива го сметаат за совршено прибежиште од метежот и вревата на секојдневниот живот,

Величествените планински видици

Високо во планините, воздухот е свеж и оживува, а небото изгледа како да ви е на дофат. Неверојатниот поглед од врвот на планината често ве остава без зборови и ве фокусира на сегашниот момент.

Иако качувањето до врвот може да биде предизвик, наградата е неспоредлива со убавината на природата и длабокото чувство дека сте успеале. Планините поттикнуваат саморефлексија и нудат тивко бегство во природата, каде што мислите можат слободно да талкаат.

Опуштање на сонце

Сончањето на плажа е повеќе од забава - тоа е ритуал за релаксација. Топлината на сонцето во комбинација со благиот морски ветар создава совршени услови за одмор.

Ваквите моменти се идеални за размислување или дремење. Додека кожата впива витамин Д, на плажа грижите исчезнуваат на ветрето.

Планинарска авантура

За оние со авантуристички дух, планинарењето нуди неспоредлива возбуда. Патеките низ густите шуми откриваат скриени водопади и овозможуваат неочекувани средби со животинскиот свет. Секој чекор на овие патеки води до нови откритија, како за животната средина, така и за себе.

Физичкиот напор е во рамнотежа со спокојството на недопрената природа. Планинарењето овозможува бегство од дигиталниот свет и повторно поврзување со природата, што го прави идеален избор за оние кои бараат и авантура и мир.

Истражување на брегот и собирање школки

Шетањето по плажа буди љубопитност кај секој од нас. Секоја школка раскажува приказна за богатиот живот на океанот, а нивното собирање е омилен спомен од летниот одмор за многумина. И децата и возрасните се радуваат кога ќе најдат школки.

Удобноста на планинската кабина

Сместени во срцето на планините, колибите се пријатно прибежиште од надворешниот свет. Глетката на огнот во каминот, топлиот напиток во раката и рустичниот шарм на дрвена колиба создаваат посебна атмосфера.

Спортски активности на плажа

Плажата не е само за излежување, туку и вистинско игралиште за саканите активности. Без разлика дали се работи за одбојка на плажа, сурфање или градење кули од песок, секој може да најде нешто за себе.

Духот на заедништво што се раѓа за време на играта го претвора денот на плажа во енергично бегство од рутината, правејќи ја плажата жив центар за дружба и релаксација.

Набљудување на дивиот свет во планините

Планинските области се дом на разновиден животински свет. Од разиграни верверички до величествени елени, гледањето животни во нивната природна средина нуди единствена форма на релаксација.

Вооружени со двоглед, љубителите на природата можат да уживаат во нејзината убавина, а таквите средби поттикнуваат свесност за важноста на зачувувањето на природата.

Читање со звукот на морето

За љубителите на книги, звукот на морските бранови е идеална позадина за читање. Добрата книга и ритмичките звуци на морето создаваат хармонија што го прави читачкото искуство подлабоко и попријатно.

Гледање ѕвезди во планините

Поголемата надморска височина во планините нуди непречен поглед на ноќното небо, претворајќи го гледањето на ѕвездите во магично искуство. Опремени со телескопи, ентузијастите можат да ги истражуваат соѕвездијата и планетите.

Овие вечери придружени со логорски оган, го прават искуството потопло и поинтимно.

Одмор на хамак

Нежното лулање, топлината на сонцето и тивките звуци на морето создаваат оаза за релаксација. Ваквите лежалки обезбедуваат осаменост и одмор подалеку од метежот и вревата, и искуство дека времето забавува овозможувајќи ви да ги цените едноставните животни радости.

Придобивките од термалните извори

Природните термални извори сместени во планините се рај за релаксација. Контрастот топла вода и свеж планински воздух ги оживува телото и умот. Овие извори нудат терапевтски придобивки, ги смируваат мускулите и го смируваат умот, богатите се со минерали и со векови се ценети поради нивните лековити својства.

Пуштање „змеј“ покрај море

Летањето змеј покрај плажа е забавна активност за сите возрасти. Отворениот простор и постојаното ветре ја прават плажата совршено место за летање шарени летала. Ова едноставно задоволство ги зближува семејствата, поттикнувајќи тимска работа и креативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија Вергара ја збуни јавноста – Дали вака изгледа во шестата деценија?

Во црвено бикини го прослави 54-тиот роденден.

Софија Вергара ја збуни јавноста – Дали вака изгледа во шестата деценија?

Софија Вергара го прослави својот 54-ти роденден во Италија и преку фотографиите од патувањето уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во Холивуд. Актерката своите роденденски моменти ги сподели на Инстаграм, каде посебно воодушевување предизвика кадарот каде таа позира на јахта во црвено бикини, со препознатлив пејзаж од италијанскиот брег.

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, позира во едноставен црвен костим за капење што ја истакнува нејзината витка фигура. Бев впечатливи модни додатоци, Софија уште еднаш докажа дека за добар летен кадар е потребно многу малку.

Роденденската фотографија предизвика лавина реакции

Долгата костенлива коса ѝ паѓа преку рамената, додека шминката е прилагодена на нејзиниот препознатлив гламурозен изглед. Усните ги нагласила со неутрален кармин, а целото издание го надополнила со дискретно синџирче, бразлетна и часовник.

Фотографијата за брзо време предизвика над стотина илјади реакции, а коментарите од обожавателите кои не го криеја своето воодушевување само се нижеа. Многумина ѝ порачаа дека изгледа многу помладо, а комплиментите на сметка на нејзината фигура, енергија и самодоверба пристигнуваа од различни делови на светот.

Софија покрај својата објава им се заблагодари на сите кои ѝ го честитаа роденденот, духовито осврнувајќи се на големиот број торти што ги добила за време на прославата.

Толку сум среќна за љубовта што ми ја дадовте вчера. Тоа беше најдобриот ден во мојот живот и ѝ благодарам на Италија за сите 300 торти! 54 е добар број! – напишала таа.

Цветен фустан и патики за прошетка низ Капри

За време на роденденското патување, Софија Вергара прошета и низ улиците на Капри. За оваа прилика таа избрала цветен фустан со средна должина кој ја следи линијата на телото и ги нагласува нејзините облини по кои со години е препознатлива.

Наместо сандали со висока потпетица, како што најчесто носи на јавни настани, актерката избрала бели патики. Неочекуваниот спој на романтичниот фустан и спортските обувки се покажа како модерен и практичен избор за прошетка по камените италијански улици.

Актерката како вистински турист застана и на сладолед. Токму тој опуштен кадар ја покажува другата страна од нејзиниот одмор – без црвениот тепих, комплицираните креации и строго смислените пози.

Прослава со семејството, пријателите и многуте торти

Роденденската прослава се одржа на луксузна јахта на италијанскиот брег со нејзините пријатели и семејството. Меѓу гостите беше и нејзиниот син Маноло Гонзалес Вергара, а на снимките што ги сподели има музика, танцување, прскалки и голем број торти, вклучувајќи ја и онаа со нејзиниот лик.

За вечерната прослава, славната актерка избрала припиен црвен фустан без прерамки, останувајќи доследна на бојата што ги обележа нејзините роденденски фотографии. Со песна, смеа, дување свеќи, Софија уживаше во вниманието од најблиските.

Бројни честитки ѝ упатија и пријателите и колегите, но и милион обожаватели кои со години ја следат нејзината работа. Наместо годините да ги доживува како ограничување, Софија Вергара 54-тиот роденден го обележа токму онака како што се очекува од неа – со гламур, добра забава и самодоверба што ниеден фустан не може да ја замени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права

„Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние“

Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права

Сметам дека односите со Бугарија се взаемни и Македонската Влада нема ништо против Бугарија и дека не прави ништо што би ја повредило Бугарија и обратно. Мислам дека има недостаток на комуникација и тоа 35 години наназад. Односите Македонија -Бугарија се исти како и односите со соседните држави и мислам дека нам сакаат да ни го стават епитетот дека сме со Србија, а ние сме независна држава и како такви можеме сами да одлучиме со кого ќе комуницираме. Нема Македонија ништо против Бугарите, можеби се лути врз основа на бугарската политика но како народ еден спроти друг -не.

Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Да ги почитува само одлуките, нешто што може секоја Влада да го бара 46 држави кои што се во Совет на Европа, ништо повеќе, ништо помалку. А може да оди и чекор понатаму. Да поднесе тужба до ЕСЧП да се исклучи Бугарија од Совет на Европа, но го прави тоа и сфатете го тоа како една добра намера.

Имав и отворено писмо со кое му се обратив на Министерот Муцунски со: -„Доста трпение -спасение! Дајте акција, дајте дејствија, дајте некој глагол и сработете нешто. Имате право да поведете постапка пред Совет на Евопоа против Бугарија, направте го тоа“!

Ние имаме генерален проблем со институциите, може да имате добар Министер но правецот на давање совети и креирање стратегии е во погрешен правец. Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние. Ние имаме кинески капитал кој влегува од секаде. Македонската политчка елита треба да ни каже каде оди оваа држава, вели Тони Менкиноски во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер