МакедонијаМанифест на АСНОМ, 2 август 1944: „За прв пат после Самоила, македонскиот народ створи своја сопствена држава“Првото заседание на АСНОМ е симбол на македонскиот вековен стремеж за создавање на слободна, независна, демократска Република Македонија. АСНОМ е симбол на самоопределувањето, на борбата на македонскиот народ. Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчињски“. АСНОМ е врховно, законодавно и извршно тело кое донесе значајни одлуки за развојот на македонската држава и има непроценлива вредност за граѓаните. -Со овој врвен настан во нашата историја заврши еден долготраен период на многубројни борби, востанија, преродбенски процеси, за национална државно-правна афирмација на македонскиот народ и започна неговото живеење во своја сопствена држава, вели за МИА, Марија Живачки, виш кустос историчар и директор на НУ Музеј Куманово. Меморијалниот комплекс АСНОМ е изграден во 2004-та година, по повод 60 годишнината од одржувањето на АСНОМ, по политичката одлука донесена по низата политички превирања кон крајот на деведесеттите години од минатиот век поради проблемите што ни ги правеше Србија околу чествувањето на 2 Август, денот на АСНОМ, во манастирот Св. Прохор Пчински кои македонските комунистички власти едноставно му го отстапиле на нашиот северен сосед. Во Музејот може да се види спомен-собата која ја доловува атмосферата од историскиот момент, трајно врежан во битисувањето на Македонците. На 2 август 1944-та беа поставени темелите на современата македонска држава, со етаблирање на Народна Федерална Македонија во рамките на Демократска Федерална Југославија. Президиумот донесе акти како решенија, правилник и декларација кои го означија институционалниот процес на градење на македонската држава. - Денес, осум децении подоцна АСНОМ е најзначајниот историски дострел во борбата за создавање на национална држава, додава Живачки. АСНОМ е поставен врз пожртвуваноста и идеалите на македонските борци кои се бореа против фашизмот и беа на вистинската страна на историјата со меѓународната антифашистичка коалиција. Антифашистичкото собрание е и врв на претходните страдања на македонскиот народ, на поробувањата, неправдите низ историјата. Спомен-соба во Музејот, донесени клучни решенија, 2 август како датум со симболично значење Во музејот во комплексот АСНОМ, посетителите, можат да ја разгледаат спомен-собата во која се опфатени детали и дел од решенијата, фотографии од заедничката прослава на народот и борците во манастирот „Прохор Пчињски“ сместен на само два километри од Пелинце. -Оригиналните документи од првото заседание на АСНОМ се чуваат во Државниот архив на Република Македонија. Достапни за јавноста се копии од печатот и копии од дел од решенијата кои биле донесени на првото заседание. АСНОМ има непроценливо значење бидејќи се конституира за врховно-законодавно и извршно тело со највисоки ингеренции на државната власт, рече Живачки. Меѓу донесените седум решенија, правилник и декларација се решенијата со кои македонскиот јазик се прогласува за службен јазик на македонската држава и решение со кое Илинден, 2 август се прогласува за народен државен празник на македонската држава. На првото заседание му претходело формирање на Иницијативниот одбор кој бил формиран на 2 август 1943-та година. - Овој датум има исклучително значење за тогашните македонски граѓани и не случајно е избран. Самиот АСНОМ се темели на верувањата, на пожртвуваноста, борбеноста на Илинденците, на вредностите и Илинденското востание кое се одржало на овој датум 1903-та година, изјави Живачки. Подготовки за одржување на АСНОМ Иницијативниот одбор имал задача да почне со подготовките на заседанието, преку формирање на народно-ослободителни одбори на кои се бирале делегати. Според упатството донесено од Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија биле дадени насоки како да бидат избрани лицата: да бидат истакнати со својата работа во НОБ и да уживаат доверба во народот. -Делегатите биле од различна краишта на Македонија и од пиринскиот и од егејскиот дел на Македонија, биле избрани 115 делегати, а на заседанието присуствувале 60. Првото заседание се одржало во манастирот и го отворил најстариот член, Панко Брашнаров кој ги поздравил присутните, укажувајќи дека „душата ми е преполна со радост и дека е жив сведок на двата Илиндени“. На президиумот биле избрани претседател Методија Андонов Ченто, за потпретседатели-Панко Брашнаров и Емануел Чучков, за секретари-Љубомир Арсов и Владимир Полежиновски, имало 17 члена. Записничар бил Киро Глигоров, кој воедно е првиот претседател на самостојна Македонија од 1991 година, рече Живачки. Одборот имал и други функции раководење, поврзување на народноослободителни одбори, испраќал прогласи до македонското население, го информирал граѓанството за подготовките за одржување на антифашистичкото Собрание, соработувал со Врховниот штаб на НОВ на Југославија. Во тој историски момент, Иницијативниот одбор бил највисок орган на народната власт во Македонија. Манастирот Прохор Пчињски бил одбран за одржување на заседанието, бидејќи во тој момент, била една од малкуте ослободени територии која се протегала помеѓу Куманово, Крива Паланка и Врање. Подготовките за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ биле извршени во училиштето во кумановското село Рамно, сместено во Козјачијата. Таму подоцна е одржана и првата седница на Президиумот на АСНОМ на 6 август 1944-та година. Прво заседание на АСНОМ Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 во манастирот, почнало во попладневните часови, а го отворил најстариот член, Пано Брашнаров. Салата каде се одржало заседанието била украсена со македонски и југословенски знамиња, со слики од Гоце Делчев, Јосип Броз Тито, Черчил, Рузвелт и Сталин. -На заседанието биле присутни и претставници на американската и англиската воена мисија и највисоките претставници на Врховниот штаб на НОВ и партизанските одреди на Македонија. Присуството на сојузниците покажува доверба и легитимитет со кој се признава политичката волја и право на сопствена држава, рече Живачки. Од заседанието до народот бил упатен и Манифестот на првото заседание на АСНОМ во кој меѓу другото се вели дека е остварен „вековниот идеал на македонскиот народ и „за прв првпат после Самоила, македонскиот народ створи своја сопствена држава, за прв пат македонскиот народ ќе се почувствува во Македонија како во своја куќа и за прв пат станува слободен народ во слободна држава…“ Тоа е најголемата придобивка во историјата на народот, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија“. Заседанието испратило и проглас за одржаното заседание, а бил формиран и Президиум. Донесени решение за воведување на македонски за службен јазик и декларација за основни права на граѓани Придобивките од заседанието се далекусежни, донесените решенија го отсликуваат македонскиот народ, неговата волја за слобода, независност, напредок, но и промовираат заедништво, рамноправност. На Президиумот биле донесени решенија но и декларација, за основите права на граѓанинот на демократска Македонија, во која сите граѓани се еднакви и рамноправни пред законите без разлика на припадноста, осигурани им биле правата на малцинствата, на секој граѓанин му е загарантирана слобода, слобода на говор, вероисповед, слобода на здружување, избирачко право и друго, клучни постулати на кои се темели секоја демократска и слободна држава. Едно од клучните се и решенијата за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава и прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободување од вековното ропство и (за) создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава. На заседанието бил донесен и правилник за работа на Антифашистичкото собрание. - Во постојаната музејска поставка која се наоѓа во центарот на Куманово, посетителите можат да го видат знамето од илинденскиот период кое ексклузивен експонат од востанието и печатот на македонската револуционерна организација за тогашната кумановската околија. На поставката може да се види и оружје од втората светска војна, вели Живачки. Меморијален центар АСНОМ Меморијалниот центар, сместен покрај реката Пчиња во селото Пелинце (општина Старо Нагоричане) ги доловува сите моменти од првото заседание на АСНОМ. Културно-историскиот комплекс сместен на два километри од оригиналното место каде се одржало првото заседание во манастирот „Прохор Пчињски“. Патот до комплексот е релативно кривулест, води низ недопрена природа на козјачијата опкружен со сенки од околните дрвја. Комплексот зафаќа површина од 8,5 хектари, опфаќа игралишта, ресторан, амфитеатар и музеј на АСНОМ. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Констатиновски. На фасадата на музејот се наоѓа мозаик од 140 квадратни метри „Македонија“ дело на Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава. -Во пресрет на празнувањата на двата Илиндена, должни сме да истакнеме дека во темелите на сите наши досегашни остварувања, победи и успеси, во сите домени на нашето живеење, вградени се темелите од Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година. Тоа е дело со кое можат да се гордеат сите наши генерации. Историјата не е само минато, таа е темел врз кој ја градиме иднината. Ве повикувам, посетете ги музеите кои се живи сведоци на историјата и индентитетот, вели Живачки. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во РусијаУкраина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат. 🇷🇺🎯🇺🇦 Украински дронове удариха през нощта „Нижнекамскнефтехим“ в Република Татарстан – един от най-големите нефтохимически комплекси в Руската федерация, собственост на холдинга СИБУР, и предизвикаха голям пожар в индустриалната зона на Нижнекамск. Кметът Радмир Беляев потвърди поражения по обекти в промишлената зона и в жилищен блок, без да назове предприятията, а трима души са ранени. Градът е на 1100–1200 км по права линия от украинската граница. Режимът на опасност от дронове беше въведен в целия Татарстан в 3:10 ч. московско време, а малко преди 4 ч. и конкретно за Нижнекамск и още 7 града. В 5:16 ч. Беляев обяви в Telegram: „Скъпи нижнекамци, моля ви да останете в укритията и да спазвате мерките за безопасност! В момента работи ПВО.“ Според данни на „АиФ Казань“ режимът е отменен в 8:20 ч. Министерството на отбраната обяви 533 свалени дрона в цялата страна през изминалата нощ и посочи Татарстан сред регионите, без отделно число за него. В 8:31 ч. кметът описа атаката като „масирана и продължителна“. По думите му щети са получили „обекти от промишлената зона“ и многоетажен жилищен блок, чиито обитатели са евакуирани, а „благодарение на бързата и добре координирана евакуация“ са избегнати човешки жертви. Министърът на здравеопазването на Република Татарстан Алмир Абашев съобщи за 3-ма ранени със средна тежест, предаде „Медиазона“. За евакуираните са открити два пункта за временно настаняване, а „Татенерго“ спря топлата вода в града до 20 ч. Около 7 ч. на гара Биклян в Нижнекамск се запали цистерна с етилбензол от отделно стоящ товарен влак, след като върху нея паднаха отломки от дрон. Куйбишевската железница обяви, че няма пострадали, като пожарът е потушен, а движението на влаковете е възстановено. Жителите описваха нощта в градските чатове в Telegram. Малко след 5 ч. започнаха съобщенията за много дронове над заводите и за поредица от експлозии, а около 6 ч. – за пожар и за линейки и пожарни, които се отправят към промишлената зона. Модератори изтриха видеата, а в един от водещите чатове напомниха, че снимането и публикуването на кадри от прелитане, сваляне или попадения на дронове е забранено. Украински мониторинг канали започнаха да споделят кадри от пожара в 5:46 ч. Нито руските власти, нито СИБУР назоваха засегнатото предприятие. Telegram каналът Exilenova+ спомена „Нижнекамскнефтехим“ като вероятния обект още в първата си публикация, а до същия извод след анализ на кадрите стигна и независимото руско издание ASTRA. Украинският канал Falconins сподели координати на зоната на поражение, които според OpenStreetMap попадат в площадката на комплекса. „Медиазона“ потвърди пожара по индикациите за топлинни аномалии в сателитната система за мониторинг на пожари (FIRMS) на NASA. Анализ на кадри, публикувани от Exilenova+, допуска, че под обстрел са били етиленовите мощности, без независимо потвърждение. Комплексът продължава да гори към 13:00 ч. Генералният щаб на Въоръжените сили на Украйна (ВСУ) не е обявявал удар по Нижнекамск. „Нижнекамскнефтехим“ е най-голямата производствена площадка за синтетичен каучук на СИБУР, водещата нефтохим компания в Русия. През 2025 г. комплексът е произвел 3 млн. тона стокова продукция, с 15% повече от 2024 г., според „Татар-информ“. По данни на СИБУР изопреновият каучук от Нижнекамск заема 42% от световния пазар. Заводът произвежда и бутилов, халобутилов и бутадиенов каучук, полимери, етилен, пропилен и бензол. Етиленовият комплекс ЭП-600 в Нижнекамск е достроен през декември 2024 г. и може да произвежда до 600 хил. тона етилен годишно, както и над 270 хил. тона пропилен и 245 хил. тона бензол. Така мощностите за етилен на предприятието се удвоиха, писа „Коммерсант“. От него по-нататък се произвеждат пластмаси на „Нижнекамскнефтехим“ и на съседния „Казаньоргсинтез“. Промишлената зона на Нижнекамск, където се намират още рафинериите ТАНЕКО на „Татнефт“ и ТАИФ-НК, беше нападана многократно през 2026 г. В атаката на 10 август загинаха 13 души, а руската служба на BBC я определи като един от най-смъртоносните удари в Русия от началото на войната по броя загинали. Тогава ASTRA също посочи като вероятна цел „Нижнекамскнефтехим“. На 13 септември генщабът обяви попадение по ТАНЕКО и пожар в един от резервоарите ѝ. Нижнекамск беше атакуван 4 дни след като Силите за специални операции (ССО) на Украйна обявиха трети удар по рафинерията на „Газпром нефт“ в Омск на 11 ноември. Това е най-големия завод за производство на нефт в Руската федерация, с годишен капацитет от над 21 млн. тона суров петрол, разположен на 2500 км по права линия от границите на Украйна. Губернаторът на Омска област Виталий Хоценко съобщи само за отломки от дронове. За разлика от рафинериите, които бяха ударени в последните няколко седмици, основната продукция на „Нижнекамскнефтехим“ не е гориво, а каучуците и пластмасите, използвани от шинната и химическата промишленост. По данни на СИБУР от продукцията на холдинга се прави всяка седма гума в Русия. Колко от тази верига е засегнал пожарът, ще покаже едва оценката на щетите: към обяд на 15 ноември властите говорят само за поражения по „обекти от промишлената зона“. 📰 Пълният анализ можете да откриете в моя блог: https://t.co/FhTejAmkYS — Frontline Monitor (@FrontlineMntr) November 15, 2026 Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook