Манекенката за која ќе се оженеше Анџелина Џоли : Во исто време бев и со Мадона (ФОТО)

Анџелина Џоли, освен што е славна актерка, е позната и по неуспешниот брак со Бред Пит, но малкумина се сеќаваат дека некогаш била во врска со жена.

Како што и самата постојано потврдуваше во интервјуа, се заљубила во манекенката Џени Шимизу на прв поглед и призна дека веројатно би се оженила за неа доколку не била во брак со Пит, пишува The Sun.

Анџелина и Џени се сретнале на сетот на Фоксфер и наскоро ја потврдија нивната врска. Шимизу подоцна признала дека спиела и со Анџелина и со Мадона во исто време и рече дека Мадона ја обожавала и сакала таа да биде нејзин секс роб.

WOOF! BYOBones! #actuallyyoucanteachanolddognewtrix

A post shared by Jenny Shimizu (@jennyshimizu) on

По раскинувањето, Анџелина и Џени одлучиле да продолжат да бидат пријателки, и така останало до ден-денес.

Пет розови фламинга стигнаа на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија со Заев тоне во сиромаштија

Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. 

Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.

Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.

Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.

Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хали Бери го прослави 54. роденден , се пофали со совршениот изглед (ФОТО)

Хали Бери го прослави својот 54 роденден и ги остави обожавателите без здив со совршениот изглед.

„54, животот е само подобар и подобар“, напиша холивудската актерка покрај фотографијата на која позира на скејтборд.

54....life just gets better and better! 🌈✨

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

За само неколку часа, таа доби повеќе од 400.000 лајкови, како и бројни комплименти, вклучувајќи ја и актерката Октавио Спенсер.

Под фотографијата многумина и честитаа за нејзиниот роденден и се восхитуваа на нејзиниот фантастичен изглед.

Пред неколку дена, Бери, исто така, објави фотографија од плажа во бикини, за која што доби илјадници комплименти.

Never been a shady beach. 😂

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

притисни ентер