Манекенката која беше во врска во Леонардо ди Каприо сега живее во автобус (видео) - Канал 5

Манекенката која беше во врска во Леонардо ди Каприо сега живее во автобус (видео)

 Ја напуштила работата и се преселила во дивината, нејзината причина ќе ве остави без текст

Манекенката која беше во врска во Леонардо ди Каприо сега живее во автобус (видео)

Лаура Ла Ру беше многу успешна во шоу-бизнисот во Лос Анџелес, но ја остави кариерата и се врати во природата.

Лаура Ла Ру (32) беше успешна манекенка во Лос Анџелес. Извесен период дури и излегуваше со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, а потоа реши да се повлече од пистата и да започне сосема необичен живот. Наместо да живее во луксузна куќа, Лаура решила да живее со своето бебе во, верувале или не, школски автобус! Таа сама одгледува зеленчук и живее во хармонија со природата.

- Повеќето луѓе се венчаат, купуваат куќа и имаат дете. Ова е она што го сакав - безбедно засолниште каде што можам да се дружам со пријателите и да уживам во основните работи што ми се потребни во животот. За среќа, овој начин на живот не бара многу пари – изјавила таа за ЛА Тајмс, а пренесува Њујорк пост.

Лаура го напуштила училиштето на 16-годишна возраст за да ги оствари своите соништа и да стане модел.

- Бев вистинска урбана девојка, но секогаш копнеев по природата. Во еден момент помислив дека не ми се допаѓа животот во градот. Можев да почувствувам како нивото на кортизол ми се качува, имав здравствени проблеми предизвикани од стрес, бев на строга манекенска диета и сфатив дека не сакам да живеам така. Ја напуштив работата и почнав со терапија за да работам на себе – додала Лаура.

Во 2016 година, таа се повлекла од работата и се преселила во мала колиба на ранчот од 72 хектари од нејзината мајка во Санта Паула. Тоа било, како што изјавила, почеток на нејзиниот нов живот. Бидејќи во 2017 година останала без покрив над главата по катастрофалните пожари во Санта Барбара, таа одлучила да остане на ранчот на нејзината мајка. Таа се заљубила во еден млад човек кој работел на ранчот и парот набргу почнал со својата авантура така што живееле во приколка од 1981 година.

Кога останала бремена, Лаура сфатила дека ѝ треба стабилен живот, па таа и нејзиниот партнер реновирале стар училиштен автобус и од него направиле дом.

- Иако изгледа мало, имаме сè што ни треба - тоалет за компостирање, туш кабина, плоча за готвење и рерна. Имаме совршено катче за спиење за бебето – рекла таа.

По нејзината манекенска кариера, Лаура започна да прави вратоврски. Таа лансираше свој бренд и се здоби со популарност на социјалните мрежи и на нејзиниот канал на Јутуб, каде што објавува упатства и ги продава своите уникатни вратоврски.

- Мојата цел е да ги инспирирам луѓето да направат промена и да го подобрат својот живот, да не се плашат да ризикуваат. Јас и ќерка ми постојано сме надвор и мислам дека тоа е најдобриот начин за едно дете да израсне здраво – порачала Лаура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер